Во викендов во кој игра фудбалската репрезентација па не го гледаме ФК Вардар, остануваше да се проследи натпреварот со Мешков Брест на СЕХА Ф4 турнирот во Унгарија.
И се би било така идеално и прекрасно доколку нашите ракометари
не поштедеа од додатно разговарање и дебатирање на вакви теми, но очигледно
околностите (повредите, емотивната истрошеност, заморот, тактизирањето) беа такви што
не успеавме да влеземе во финале на СЕХА Ф4. Од една страна, добро ќе беше да одиграме уште еден компетитивен натпревар на високо ниво. Но, кога се знаеше
дека тој натпревар ќе се игра против Веспрем, тогаш можеби подобро е што не го одигравме, бидејќи нема потреба уште во раните фази од проектот Вардар некоја
екипа да ни набива комплекси победувајќи не 4 пати годишно. Секако не треба на лисецот Талант да му сервираме дел од нашата тактика и игра.
Нашиов текст нема да се занимава со тоа што се случуваше во Унгарија, ни со играта на тимот. Ќе напоменам повторно, емотивно сме истрошени, не сме ние Кил па да мелеме кај стигнеме и толку ни е силата во моментов. Проценката на стручниот штаб е таква каква што е и ние ќе ја почитуваме се додека има позитивни резултати. Но, време е да се позанимаваме со некои од реакциите кои не стивнуваат после вчерашниот Вардаров меч. На страната Балкан Хендбол, се појави текст-коментар "Vardar u Vespremu: Zašto šamar SEHA ligi?".
Кој стои зад овој текст и овој сајт? Жика Богданович, големиот српско-балкански новинар од областа на ракометот. Истиот Жика што пишуваше во последните 3 сезони како Металург е највеличествен, најграндиозен и најдобар ракометен проект во Источна Европа (а забораваше на РК Загреб, РК Вардар, Веспрем, Мешков Брест и многу други). Истиот Жика што скоро секоја недела беше во Скопје и правеше интервјуа со играчите на Металург и стручниот штаб, а ни еднаш не се сети да сврати на Кале и да ги види Вардарци барем дали се живи. Е истиот овој г-дин Жика сега дава коментар како ние "не сме сакале да играме на СЕХА Ф4, зошто воопшто сме отишле таму, подобро Нексе да учествувал, што кажал Раул и колку пати се насмеал, кој направил селфи" и уште еден тон глупости.
А ако се присетиме подобро, токму Жика беше оној кој со
гордост ги пренесуваше изјавите до лани на Лино Червар: "СЕХА лигата е
подготвителна лига. СЕХА Ф4 го играме само да би учествувале на него, но немаме
намера да се оптеретуваме со истиот. Наша цел е ЛШ. а СЕХА Ф4 е небитен."
Па г-дин Жика, зошто вие тогаш, кога Червар го маваше ова во лице на новинарите и ги уништуваше, омаловажуваше и обезвреднуваше СЕХА Ф4 турнирите во Загреб, Скопје и Ниш не реагиравте? Зошто молчевте, хер Жика? Како тоа одеднаш кај вас се пробуди желбата да плукате по РК Вардар, а до вчера кога Металург понижуваше се што е СЕХА од збор до збор ги пренесувавте нивните изјави и во вашите колумни ги браневте за таквите одлуки небаре ви се родени браќа? Кога станавте морален и етичен до овој степен?

Да потсетиме, Вардар е најуспешната екипа во кратката историја на СЕХА лигата па од тука доколку правиме по ваш кејф некаква си ранг листа кој колку ја омаловажува СЕХА лигата Вардар би бил последен.
Примете еден совет од нас. Пишувајте малку во вашата татковина, анализирајте и критикувајте таму. Би сакал во вашиот следен текст да прочитам за состојбата на српскиот клубски ракомет. Еве ви некои предлог теми-прашања. Каков е односот на српските екипи кон СЕХА лигата? До кога ќе губат со 15 разлика од македонските екипи, до кога ќе служат за гол разлика? До кога благодарение на нивниот „квалитет“ и аматеризам ќе го намалуваат нивото на квалитет и посетеноста на натпреварите во СЕХА лигата? Нели е тоа омаловажување? Господине Жика, еден навивач на Вардар годишно троши пари за влезници за натпревари колку вкупниот буџет на двата српски преставници во СЕХА.
Смачено ни е, господине Жика, од новинари како вас. Го црните перото на оние чесните, на оние кои се борат за објективноста. Со целата должна почит, но вака не оди. До вчера пишувавте едно пред балканската јавност, сега сосем друго. Знаете и сам каква е моќта на медиумите. Не ги користете да пробате да чепнете и вие дел од колачот во РК Вардар. Ние не делиме вино, бесплатни купончиња и пари на новинарите за тие да пишуваат за нас. Едноставно, мораат, зошто Вардар е хит на балканот и не можат да не заобиколат. Ни тие, ни вие. Е од тоа си патите!!!

No comments:
Post a Comment