Како одлични познавачи на
Вардар и состојбите во последните 15 години, ние блогерите од Скопје за Вардар
решивме да го подучиме од искуство нешто нашето раководство кое од своите
канцеларии губи секаков контакт со навивачите.
Клубскиот ПР е во катастрофална состојба. Иако се
фалиме како сме бренд, Вардар не се промовира. Освен ТВ емисија еднаш неделно и
едно радио, повеќе репортажи за нас имаше кога бевме најслаби. Клубот не се
рекламира ни за карти, ни за уписи во школите за младинци. Дали се е пополнето
со татини синчиња, па нема потреба од реклама? Зошто Вардар нема билборди низ
главниот град со кој ќе го најави стартот во ПМФЛ и побара поддршка? Немојте да
мислите дека ја заборавивме прославата со бесплатното пиво и скара на која
дојдоа вкупно 50 луѓе! Ни се смееше цела Македонија!
И додека во целата држава стадионите се полнат,
нашата управа наплаќа карти, и не сака да направи ни еден бесплатен натпревар,
кој силно ќе го изрекламира, да биде посетен масовно. Како Градски да е Енфилд,
па се тепа да влезе пола планета на него. Немањето сенс продолжува со незаинтересираност
и дрскост на структурите (очигледно со плава крв) кои им се потсмеваат на
навивачите дека биле "банда запалени хулигани и копуци". Сето тоа се
рефлектира и на односот на играчите, кои некој од управата ги подучува да
"не ги ебат копуците" кои гинат на трибините да им дадат поддршка. Клубот
како да сака да ги избрка навивачите. Дали е тоа планот за Европски Вардар???
Тоа што ФК Вардар нема да го наполни Градски не е
новина, но и РК Вардар со својата цена од 2500 денари (40 евра) како да сака да
ја исчисти салата во следната сезона од навивачи и да го следи патот на успехот
на ФК. Да, бројот на натпреварите е зголемен,
Вардар е се поквалитетен и се работи за ЕХФ ЛШ, но никој не може да ме
убеди дека системот кој е избран за цени на картите е добар.
Најпрвин, оваа сезона покрај Барса, Киелце и Сегед,
ќе се сретнеме и со Колдинг, РНЛ (видно ослабнат), Кристианштад и Монпеље. Дали
управата смета дека фиксната цена на карта која ја одредила од само 350 денари
е доволна да се гледа европскиот првак Барселона во Скопје? Ние сметаме дека
тоа е мизерна сума! Во исто време, дали управата смета дека Кристијанштад,
Колдинг и Монпеље чинат 350 денари? Наместо да се направи целосна политика на
поефтин сезонски билет, бидејќи одеднаш се даваат пари за истиот (каква што има
низ цела Европа), нашата управа ги бара истите пари и ти дава само сигурно
место. Па со таа фиксна цена заради сезонските потоа не можеме да ги наплатиме
натпреварите со посилен противник!!! Не ми се пишува за полупразната сала лани
во неколку наврати поради ваквата грешна политика! Воедно, кога започнува приоритетната
продажба на билети за замена во 10:00 во понеделник веќе цели блокови се
резервирани и однапред зафатени. Дали е ова начин Вардар да се одроди од
навивачите и да се промовира во други кругови? Дали станавме шефовско клубче и
сите смртници кои го поддржувале сега не му се потребни? Ние немаме 100
навивачи! Излишни ќе бидат повиците "Салата да се наполнела било најголем
императив" и акциите купи една добиј две карти кои ќе бидат неизбежни на
натпреварите со Колдинг, Монпеље и Кристијанштад ако управата планира да ја
наполни салата. Да не заборавиме, сепак се работи за истата управа која лани ги
измами оние што купија сезонски за ЖРК Вардар со акциите кои потоа ги правеше
да ја спаси сезоната бидејќи никој не беше заинтересиран за карта! Немањето
сезонски за фудбал и влегувањето со ракометните до фебруари, а потоа барањето да
се купуваат карти беше срамно. Мизеријата од управа дури и тоа се дрзна да го
направи - да повлекува и носи одлуки за карти во среде сезона за профит од 400
денари од сите натпревари по човек без кои Вардар очигледно ќе банкротираше!!! Секоја
чест на управата која очигледно работи за интересите на спонзорите и против
навивачите. Глумењето Металург е нешто кое што никогаш нема да го премолчиме!
Очигледно некој во клубот размислува како да продава карти без да се осврне на
тоа дека спортот се игра за навивачите. Ова е Македонија и Вардар.
Најголемата грешка се прави кај сезонските билети.
Најпрвин, ако има сезонски билет за ЖРК и РК Вардар во ЛШ со фиксна цена
постојат други начини за попусти и привлекување на публика.
Сите оние што ќе ги купат двата билети да добијат
одреден попуст на сезонските. Зошто нема сезонски билет за СЕХА лигата за РК и
домашното првенство за ФК? Зошто да не се направат разни пакети, и во
комбинација на купување на билетите со нив да се добиваат поголеми или помали
попусти? Па еве господа, штом попустот ви е толкав трн во око, не мора да го
дадете. Дадете реквизит од фаншопот. Пример, за ФК во домашното и СЕХА шал; за
СЕХА, РК ЛШ и домашно маица и шал, а за сите 4 сезонски билети дрес по избор? И
сето ова под еден услов: сите карти, или барем половина од секоја трибина да се
продаваат. Па најупорните нека победат!!!
Ем ќе привлечете повеќе публика, ем ќе остварите
поголеми профити. Ова е само една од многуте идеи кои никого не го
интересираат. Сепак, немаме време за овие организациски глупости, секоја година
имаме нова компанија за карти па и тие никако да научат нешто.
Во последните година и пол нашата управа влегува од
грешка во грешка. Секој ден публиката е се повеќе разочарана од таквите одлуки.
Навистина е жално да гледаме дека брендот Вардар навистина не знае да се
продаде, а во исто време да биде фер кон навивачите. Дали народната "многу
бабици, дете килаво" повторно ќе се докаже на дело со примањето менаџери и
директори кои немаат ни основна идеа како да наполнат сала, како да ги
поттикнат навивачите да купуваат во фан-шопот и да се испромовираат? Останува
дилемата, дали се работи за дилетантизам и непрофесионалност, или пак се работи
за неискуство? Самсоненко, освести се!!!
No comments:
Post a Comment