Skopje za Vardar

Skopje za Vardar

Saturday, 25 October 2014

Репрезентација





Од денес, блогот Скопје за Вардар на нов домен: http://skopjezavardar.blogspot.com/
Продолжуваме понатаму, за Скопје и Вардар!


Во последниов период, ние од блогот Скопје за Вардар решивме да направиме мала пауза од пишување. Но, следевме се што се случуваше со нашиот Вардар.
Откако ја добивме Шкендија во лигата и купот во фудбал, откако го победивме Рајн Некар во ЛШ и успеавме на Монпеље дома да му скинеме бод, на нашата среќа и нема крај. ЖРК нажалост не успеа да стигне до поволен резултат во Подгорица, но никој не е разочаран бидејќи сепак тоа е најсилниот конкурент во нашата група, а и следи двомеч дома.
Токму поради ова ние некако молчешкум го поминавме овој период, а можеме да му кажеме едно огромно фала на Вардар што ни ја приреди оваа радост, и се надеваме дека таа ќе продолжи и во иднина.
Бидејќи ние во моментов можеме само да се фалиме со нашите успеси, во оваа статија решивме да се позанимаваме со туѓите проблеми. Конкретно, оние на машката репрезентација во ракомет изразени поради РК Металург.


Ќе пишуваме за нус продуктите на тие школи, и неколкуте просечни ракометари кои излегоа од нив, а очигледно не се кадарни и доволно квалитетни да играат за нашата репрезентација. Таа, реално, со финансиските проблеми, е уценета од интересите на еден човек, кој поради тоа што морал да става филтри на оџаците од кои го труе градот дваесет години, не сака да даде плата на оние искусните, за тие да би играле со сто проценти и би можеле да го дадат максимумот во овој циклус квалификации и на светското во Катар во 2015.

Прашањето што се наметнува е што сега? Селекторот Обрван е спречен да влезе на тренинзите на Металург и да ги оцени ракометарите. Тие пак, не се во полна форма поради непримање плата.
Во последниов период, со нивната "финансиска криза" конечно паднаа многу лаги на тој тим за кои ние на Скопје за Вардар пишувавме многу. Време е да падне последната. Грижата за македонскиот спорт.

Со оглед на тоа што некој и покрај државниот интерес да се вратат играчите во форма за репрезентацијата некој тера инает со истата и прави разноразни опструкции кои треба да доведат до неуспех, одговорно прашуваме: Кој се грижи за репрезентацијата??? Металург, кој на секој начин го опструира нејзиното работење? Џабе е господа тоа што 70% од репрезентацијата доаѓа од РК Металург, кога вие сте тие кои ја кочите во секој поглед и не и давате да направи поголем успех. Малку е и што го правите ова, па и се мешате во работата на Федерацијата и правите сопки на сите страни. Очигледна е вашата потреба за неуспеси. Дали повторно ќе ја гледаме сликата од предходните неколку ЕП и СП, кога 100% се залагаа само С. Стоилов, Ф. Лазаров, К. Лазаров и Б. Ристовски, а сите други играчи беа бледа сенка на она што се во своите клубови? Металург продолжува со политиката "слаба репрезентација, јак Металург", бидејќи тој често пати се поистоветува со истата, па и се претставува како нејзина достојна замена!

Дали Македонските играчи во Металург служат само како бројки за исполнување одредена квота, а Лино Червар на терен ги вади Коцич, Липовина, Џукич и целата колонија на 20 годишни просечни ракометари (кои и го зафаќаат местото на младите македонци во тимот) и ги злоупотребува со земање проценти од нивните плати да играат?

Нас не боли за нашето. Нашиот национален тим страда поради инаетот на еден човек кој се однесува како султан, и уште еден  "помакедончен" хрват кој глуми негов везир. Тие заедно и мачкаат очи на јавноста додека свесно ги минираат нашите успеси, успесите на можеби една од најзлатните екипи кои ќе играат за нашата репрезентација.
Ние, Вардарци, и те како се грижиме за нашата репрезентација.
Ова е последната шанса за излегување на еден врвен спортист како Кире Лазаров на Олимпијадата како знаменосец. По ова првенство, се ќе биде поинаку. Тогаш ќе ги "береме плодовите" од работата на школите на Металург, и ќе сфатиме колку тие ништо не работеле според ракометарите во националниот тим. Но за тоа потоа. Најбитно е сега да се зграби шансата за Олимписките игри, и репрезентативците да прекинат да бидат оружје во раката на еден милијардер кој сака да го уценува народот и државата!!!!

Прекинете да лажете. Прекинете да продавате приказни. Веќе сите ги знаеме. Дозволете и на репрезентацијата и репрезентативците во вашиот клуб да донесат успеси за државата, бидејќи таа на секој Македонец му е важна!


Ве чекаме во сала вечер, ЖРК Вардар-Турингер! СИТЕ ЗА ТУРЧИН!

No comments:

Post a Comment