Skopje za Vardar

Skopje za Vardar

Saturday, 28 March 2015

Ем шуто ем боде



Во викендов во кој игра фудбалската репрезентација па не го гледаме ФК Вардар, остануваше да се проследи натпреварот со Мешков Брест на СЕХА Ф4 турнирот во Унгарија.
И се би било така идеално и прекрасно доколку нашите ракометари не поштедеа од додатно разговарање и дебатирање на вакви теми, но очигледно околностите (повредите, емотивната истрошеност, заморот, тактизирањето) беа такви што не успеавме да влеземе во финале на СЕХА Ф4. Од една страна, добро ќе беше да одиграме уште еден компетитивен натпревар на високо ниво. Но, кога се знаеше дека тој натпревар ќе се игра против Веспрем, тогаш можеби подобро е што не го одигравме, бидејќи нема потреба уште во раните фази од проектот Вардар некоја екипа да ни набива комплекси победувајќи не 4 пати годишно. Секако не треба на лисецот Талант да му сервираме дел од нашата тактика и игра

Нашиов текст нема да се занимава со тоа што се случуваше во Унгарија, ни со играта на тимот. Ќе напоменам повторно, емотивно сме истрошени, не сме ние Кил па да мелеме кај стигнеме и толку ни е силата во моментов. Проценката на стручниот штаб е таква каква што е и ние ќе ја почитуваме се додека има позитивни резултати. Но, време е да се позанимаваме со некои од реакциите кои не стивнуваат после вчерашниот Вардаров меч. На страната Балкан Хендбол, се појави текст-коментар "Vardar u Vespremu: Zašto šamar SEHA ligi?".


Кој стои зад овој текст и овој сајт? Жика Богданович, големиот српско-балкански новинар од областа на ракометот. Истиот Жика што пишуваше во последните 3 сезони како Металург е највеличествен, најграндиозен и најдобар ракометен проект во Источна Европа (а забораваше на РК Загреб, РК Вардар, Веспрем, Мешков Брест и многу други). Истиот Жика што скоро секоја недела беше во Скопје и правеше интервјуа со играчите на Металург и стручниот штаб, а ни еднаш не се сети да сврати на Кале и да ги види Вардарци барем дали се живи. Е истиот овој г-дин Жика сега дава коментар како ние "не сме сакале да играме на СЕХА Ф4, зошто воопшто сме отишле таму, подобро Нексе да учествувал, што кажал Раул и колку пати се насмеал, кој направил селфи" и уште еден тон глупости.
А ако се присетиме подобро, токму Жика беше оној кој со гордост ги пренесуваше изјавите до лани на Лино Червар: "СЕХА лигата е подготвителна лига. СЕХА Ф4 го играме само да би учествувале на него, но немаме намера да се оптеретуваме со истиот. Наша цел е ЛШ. а СЕХА Ф4 е небитен."
 
Па г-дин Жика, зошто вие тогаш, кога Червар го маваше ова во лице на новинарите и ги уништуваше, омаловажуваше и обезвреднуваше СЕХА Ф4 турнирите во Загреб, Скопје и Ниш не реагиравте? Зошто молчевте, хер Жика? Како тоа одеднаш кај вас се пробуди желбата да плукате по РК Вардар, а до вчера кога Металург понижуваше се што е СЕХА од збор до збор ги пренесувавте нивните изјави и во вашите колумни ги браневте за таквите одлуки небаре ви се родени браќа? Кога станавте морален и етичен до овој степен?
Да потсетиме, Вардар е најуспешната екипа во кратката историја на СЕХА лигата па од тука доколку правиме по ваш кејф некаква си ранг листа кој колку ја омаловажува СЕХА лигата Вардар би бил последен.

Примете еден совет од нас. Пишувајте малку во вашата татковина, анализирајте и критикувајте таму. Би сакал во вашиот следен текст да прочитам за состојбата на српскиот клубски ракомет. Еве ви некои предлог теми-прашања. Каков е односот на српските екипи кон СЕХА лигата? До кога ќе губат со 15 разлика од македонските екипи, до кога ќе служат за гол разлика? До кога благодарение на нивниот „квалитет“ и аматеризам ќе го намалуваат нивото на квалитет и посетеноста на натпреварите во СЕХА лигата? Нели е тоа омаловажување? Господине Жика, еден навивач на Вардар годишно троши пари за влезници за натпревари колку вкупниот буџет на двата српски преставници во СЕХА.

Смачено ни е, господине Жика, од новинари како вас. Го црните перото на оние чесните, на оние кои се борат за објективноста. Со целата должна почит, но вака не оди. До вчера пишувавте едно пред балканската јавност, сега сосем друго. Знаете и сам каква е моќта на медиумите. Не ги користете да пробате да чепнете и вие дел од колачот во РК Вардар. Ние не делиме вино, бесплатни купончиња и пари на новинарите за тие да пишуваат за нас. Едноставно, мораат, зошто Вардар е хит на балканот и не можат да не заобиколат. Ни тие, ни вие. Е од тоа си патите!!!

Monday, 23 March 2015

Пу, Пу, Не Важи !!!



Повторно Скопје е центар на ракометниот свет, а новата магија изведена од уметниците во црвено црно долго ќе се памти и зборува. Благодарение на нив сите сме горди, весели, се чини дека целиот свет ни е на дланка. Проследивме уште една ракометна лекција, ракометен спектакл што ретко се гледа, зачинет со потребната доза на возбуда и тензија. Големо БЛАГОДАРАМ од нас, блогерите од блогот Скопје за Вардар за една од најубавите поминати саботи во последно време.
 ФК Вардар годинава како да е претплатен да ни ја дозира секоја радост која ја чувствуваме кога ракометарите во својот претпознатлив транс го мелат секој колектив во Европа што дошол во Скопје да игра ракомет. Овој пат се чини го дадоа својот максимум да го расипат впечатокот за црвено црниот викенд, но не успеаа. Оние кои дојдоа на Градски сеуште ги коментираа одбраните на Штербик и цепелинот на Карачич, наместо промашувањата на Грне и компанија.
  Ниту ние нема да посветиме големо внимание на антифудбалот кој во коалиција со одвратното време ги избрка половината гледачи уште на полувреме. За односот и посветеноста кон играта, клубот и навивачите, соодветствено со примањата и условите кои ги имаат спортистите, нешто сме пишувале, а ќе пишуваме и во други прилики. Само ќе поставиме едно прашање кое си го постави секој гледач на заминувањето (од оние најупорните кои останаа до крајот) „Овој ли Вардар ќе игра во Европа?
  Она на што сме гневни е бедната одлука на нашата таканаречена управа со која го укина правото на најверните навивачи да присуствуваат на најголемото македонско дерби со прикажување на своите сезонски билети. Да потсетиме дека она што беше кажано на почетокот на сезоната е дека сезонските билети за натпреварите на РК Вардар во Лигата на Шампионите ќе важат и за домашните натпревари на ФК Вардар. Впрочем така и се влегуваше се до неделата. Изненадени сме од оваа срамна одлука која е директно насочена кон оние 50 до 100 најверни навивачи кои се тука на секој натпревар на Вардар и ги користат сезонските влезници. Има ли оваа наша управа почит кон најлојалните??? На ваков начин ли им враќа за посветеноста кон Вардар??? Да видиме како стои математиката. Останатите кои дојдоа и доаѓаат два пати годишно секако ќе платеа карта, а оние кои со сезонски влегуваат на секој натпревар не се повеќе од стотина. Епа управо наша алал нека ви е. Покажавте дека сте ситни души, паднавте толку ниско и за не повеќе од 300 евра ги измалтретиравте и пониживте враќајќи ги од вратите како кучиња оние кои Градски го сметаат за втор дом, оние на кои Вардар им е составен дел од животот. Се надеваме се збогативме доволно па сега ќе имаме пари и да платиме некој поквалитетни фудбалери кои ќе можат да излезат на крај со еден Пелистер (без потценување). Неспособни сте да го водите Вардар и не знаете да ги трошите парите на сопственикот. Повторно имавте катастрофална организација меѓу другото.
  Парафразирано, паролата на Чкембари „Добро е што Пелистер на гости ви иди, и Арената публика да види“ е болна, жална, брутално искрена и сигурно најточната и со најголема тежина која тие ја извадиле во поновата нивна историја. Чкембари на страна, во голем дел тоа е ваша грешка и ваша одговорност. Вие ги бркате и оние кои доаѓаат, за привлекување нова публика да не коментираме. Освестете се на време или имајте доблест и заминете сами. Водите сериозен проект, а се однесувате како да сте маалска екипа. Будно ќе ве следиме единствено за интересот на Вардар и сите Вардарци!


   Напред Вардар!
 

Wednesday, 11 March 2015

БЕЗРБЕТНИЦИ

   
   Безрбетниците постојат насекаде околу нас. Нашето општество е преполно со морални убиства, подлизурковци и луѓе кои секојдневно газат на својот збор. Нажалост, и ние Вардарци со зајакнувањето на нашиот клуб се повеќе сме соочени со доаѓање на играчи кои под превезот на професионалноста даваат секакви изјави против клубот чии бои ги бранат. Секојдневно секој од нас Вардарците се повеќе се чуствува предаден поради ангажирањето на играчи кои долго време немале позитивно мислење во однос на Вардар и Комити, и кои директно учествувале во креирање на пропаганди против Вардар.

   Прв пример е нашиот дефанзивец Бобан Грнчаров. Грне на социјалните мрежи реши да иронизира во однос на целата иницијатива на навивачите Немања Прибак да остане во нашиот клуб. Тој, наместо да сочуствува со еден од најпосветените негови колеги од спортското друштво чив член е, реши да се потсмева со мислењето на навивачите на клубот. За кого се игра воопшто фудбал во Македонија? За оние кои го поддржуваат клубот или за Грне да зема 10.000 евра и да плука по оние што гинат за клубот? Боли што никој во најголемата спортска институција во државава воопшто не ни им кажал на играчите дека не е убаво да се исмејуваат со нив и да влегуваат во дискусии со обичните фанови, поради кои не смееме да заборавиме дека овој клуб преживеа во најтешките денови од неговото постоење. За колегијалноста не вреди ни да се коментира, но фактите зборуваат дека потсмевањето со некого и воопшто не е фер кога тој некој е пример за таквите како Грне кои уживаат на стадионите во соседството гледајќи ЛШ во фудбал и возбудувајќи се поради некои странски, а утре и ривалски клубови. Е таквите собираат поени кај своите колеги и кажуваат како им покажале на навивачите со своите изјави. Кој беше мотивот на нашиот централен дефанзивец во ситуацијата не знам, но очигледно е дека неговото однесување воопшто не е добро.

   Жално е што сите ние на кои Вардар ни е една од најважните работи во животот знаеме дека Грне е можеби барем најхрабар па јавно го сподели неговиот став, а дека постојат уште многумина кои размислуваат исто како него. Се разбира дека ние навивачите не бараме стручна комисија во клубот за оценување на „идеолошка подобност” или слично, но дефинитивно не знам како раководните структури очекуваат да се створи хемија во Вардар кога се носи сенешто во клубот, а во исто време играчите кои оставале срце за истиот да се заборавани. И покрај потребата за сиров квалитет која не ја спориме, мора да признаеме дека ваквото однесување на одредени сегашни или идни членови на спортското друштво не придонесува на клубот, туку само може да создаде проблеми во моралот и хемијата во тимот. Мора целата клубска структура да ги „советува" играчите и да дава упатства за ПР делот во кој на сите полиња очигледно неверојатно потфрламе!!!

   Нов многу добро познат пример за ова е Дејан Манасков кој до пред неколку месеци се колнеше на верноста во Металург и дека него „руски рубљи не го интересираат". Дејан, репрезентативец на Македонија, без никаква почит блуеше по еден од најуспешните клубови во Македонија како е руски и насила купен. Откако Металург, за кој сите знаеме каква анти Вардар политика водеше со години се распадна, Дејан отиде во Германија и потпиша договор да почне да игра во Вардар. На целото плукање по социјални мрежи и јавно во изјави и на сајтови, но и на терен каде гестикулирал многу пати кон навивачите на Вардар вулгарно, боли тоа што нашиот клуб реши него да го ангажира баш него од сите играчи на таа позиција кои играат ракомет. Како ќе се чуствуваат сега Столе Стоилов, Страхиња Милич, Игор Карачич, Добривоје Маркович и сите оние кои со години биле провоцирани од истиот тој Деки? Зошто тој сега да добие шанса барабар со нив, кога тие во најтешките денови беа на наша страна, додека тој уживаше во сите тие сплетки и удари под појас кон овие момци? За неговиот карактер на безрбетник воопшто и нема што да се коментира бидејќи тој со овој гест тоа го докажа. Но и нашата управа докажа дека однесувањето за неа е неважно се додека играчот игра, што е голема грешка, бидејки тој играч со оглед на изјавите нема мотив да игра.


   На крај, ние Вардарци очекуваме Дејан јавно да се извини за неговите изјави и да даде дознаење дека тоа што го кажувал било целосно неточно. Тој ќе мора да ја покаже верноста кон Вардар и на терен, и надвор од него, а не би било лошо и да го видиме качен на трибина со Комити после некој натпревар како навива. Секако, без големо извинување и признание за грешката не смееме да му дозволиме да помине. Ако не сака да се извини, наше е да му помогнеме да го направи тоа!

А играчите кои веќе се дел од нашето спортско друштво а тераат мајтап и смеа со навивачите, време е раководната структура да ги научи како стојат работите и што значат навивачите за клубот. Ако некој планира да глуми лудило и мангуп во Вардар, за мангупи нема место. Вардар е, бил и ќе биде за сите ист. И за навивачите, и за играчите и за раководните структури. На крај, сите му мислиме добро и се бориме тој да е подобар. Затоа, ајде сите заедно да го направиме тоа. Ајде да не бидеме секој за себе, туку да бидеме вистинско семејство и спортско друштво! Ајде да покажеме дека сме едно заради нешто што е поголемо од нас!