Фудбалерите денес успеаа да не израдуваат. 93 минута, гол за
1-0 против Ренова, нешто што повеќето не успеаа да го дочекаат во живо сезонава
поради ракометот кој секако не окупираше. Повратниот дуел во четврт финалето на
ЛШ не е мала работа, особено ако знаеме дека дома изгубивме 2 разлика но имавме
реални шанси за напредок.
И сега логично се поставува прашањето зошто Вардар испадна
во осмина финалето. Навистина не ни се објаснува веќе и сакаме да се израдуваме
после сите овие години, ама ќе мораме да се објаснуваме. Не постои една
директна причина за испаѓањето, туку тоа е склоп на повеќе околности.
Позитивно е што оваа сезона не паднавме на крај и бевме
уморни, туку еднаш и ние успеавме во полна кондиција да изиграме од почеток до
крај, што е за пофалба кон стручниот штаб кој очигледно работел. Мораме да
кажеме дека успеавме и да ги отстраниме оние делови од натпреварот во кои се
губиме и имаме проблем со концентрацијата.
Но, сеуште нерешливи проблеми на нашиот тим се
индивидуалниот капацитет. Дефинитивно се гледа дека играчите малку работат на
самостоен план преку нивните понекогаш чудни падови во текот на натпреварот.
Ако сакаме фајнл 4, ќе мора на тоа да поработиме.
Ќе мора и управата да поработи на полнење на џебовите на
лицата од ЕХФ. Ние сме спас за нив и нивната состојба на пропаст и негледање
ракомет низ Европа, и дефинитивно сме една од атракциите во ЛШ. Но без
адекватна финансиска мотивација во европската куќа на ракометот ќе продолжиме
да гледаме сомнителни судиски одлуки на арбитрите во четвртфиналињата кога
најмногу ќе биде потребно. Тие не се пресудни, но се доволни еден Арпад Штербик
да се демотивира. Еден Добривоје Маркович да не може да прекине да станува на
клупа и да урла после враќањето на секоја топка назад откако противникот ќе
промаши.
Засилувањата за следната сезона се откриваат уште од сега
како вистински. Во четврт финалево ја видовме реалноста. Се буневме за Немања,
ама Немања денес на нерешено во првото полувреме, во ситуација 6 на 4 пред
голот на Киелце промаши. Тоа промашување, и низа други пропуштени шанси кога на
Дујшебаев два пати при нерешен резултат му паѓаа топки, Игор има големи грешки
со подавања не чинеше сезона. Навистина имаме непокриени позиции.
Затоа не сме кадар за Ф4, барем не сеуште.
Но, факт е и дека ни треба факторот на среќа. Не може во
вториов дел од полусезонава овој ростер да погоди стативи онолку колку што
погодил во последниве 3 сезони колку што игра заедно. Немаме среќа. Не не сака.
Што е тоа што е против Вардар? Не ни ја дава радоста. Судбината не сака да ни ја даде.
Зошто? Катастрофата да биде поголема, еднаш ние не можеме да се израдуваме.
Сакам еднаш да го осетиме чуството на победа, на среќа, радост, еднаш да се
оствари она што секој навивач го посакува за својот клуб. Нас нема да ни го
даде тоа. Барем не сеуште.
Можеби некогаш ќе биде.
НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ
No comments:
Post a Comment