Skopje za Vardar

Skopje za Vardar

Saturday, 6 December 2014

Купот ваш ку.от наш !!!



 

    5:0 драги Вардарци. Не исплеска Ренова како мали деца за десетина дена. Ни го урна сонот и сезоната. За една недела ни покажа дека ФК Вардар е проклет проект кој и да се зафати со него. Дали не краделе управи, дали сме имале бедни тренери, дали играат манекени и wanna be“  фудбалери кои повеќе се секираат кои девојки ќе седат на нивните сепариња во нивните кафулиња одколку за нивните резултати и игри за нас е сеедно. Разочарувања доживуваме секоја сезона.
Чашата се прели и оваа сезона и повторно пред Нова Година. Повторно видовме дека бевме лажени. Двоја круна, двојна круна секој ден се фалеа и не убедуваа дека се освен таа двојна круна ќе било неуспех и катастрофа. Епа, дојде катастрофата. Но, нив таа двојна круна не ги интересира. Па погледнете на што личиме, Градски стана кафич на Ленинова каде убавите девојки се изложуваат пред побогатите фраери во случајов наши преплатени фудбалски „звезди“. На Градски се сликаме за фејсбук и инстаграм. Да не се Комити нема да познаеме дека се игра фудбал. За каква Европа зборуваме и се лажеме? Се плашиме од Работнички дома, губиме од Ренова чиниш како од Реал Мадрид. Битно прославија манекените есенска титула, нешто што воопшто не постои и не се брои. Молеа, се сликаа и бараа публика. Публиката не сака измами, публиката сака искрен однос. Публиката има можност да го гледа Веспрем, но пред се РК ВАРДАР. Постојат милион причини зошто вие не заслужувате ни минута внимание. Досега ние од блогот повикувавме и апелиравме на Скопјани да дојдат и да ве подржат. Вие тоа не го заслужувате со вашиот однос. Веќе нема тоа да го правиме.  Кој ќе одговара за овој несупех? Според мене 90% од се што е во ФК Вардар моментално треба да „лета“ од Градски. Први на листа се господата таканаречени борд на директори, луѓето кои на прашањето зошто нема посебни сезонски за ФК Вардар одговараат со „што ќе ни се, жив чоек нема на стадион нема да продадеме ни 20 карти“. Изгубени луѓе кои да го сакаа Вардар барем 10% од она што ние го сакаме ќе направеа нешто позитивно. Ги затворија вратите на своите, пуштија кечиња, орли и терористи. Не реагираа кога сопствените фудбалерии им ги линчуваа и тепаа во Тетово и Штип.  Не застанаа зад своите навивачи кои бомбашки беа нападнати во Битола. Се препукуваа со ФФМ преку некои безпредметни алиби соопштенија вешто избегнувајќи ја суштината. Колаборираа со МВР и ФФМ, дозволија најголемото македонско дерби да се игра во ебалникот на зајци на Илчо. Гоце Седловски ??? Сигурно вчера дознал дека Вардар игра во црвено црно. Што да кажеме за тренерскиот кадар и фудбалерите ? Асани, Дашјан, Влатче и можеби уште пар фудбалери од одбраната индивидуално можеме да ги пофалиме, но сето тоа е џабе. Тимот не функционира и игра подпросечно. Сите треба да ја сносат одговорноста. Извинување е најмалку што можат да направат за да го исперат срамот кој ни го нанесоа. Дел од фудбалерите и сами треба да си заминат па дури и да се откажат од дел од своите примања. Се сеќавате ли кога не сакаа да се поздрават со најверните навивачи? Па да, ним тие не им се важни (со исклучок на мал број), журките со скопските „лепотици“ и алкохолот кои се точи во нивните „кабариња“ се поважни. Васовски друже, преку глава ни е од твоите лаги, колку и да си направил за Вардар како фудбалер. Лани бегавте како од лав во Штип, нејќевте да се соочите со своите. Оваа година само ти лично барем 10 пати вети двојна титула. Време е да се вратиш во Металург, а со тебе земи го и големиот стратег Андреев. Ѓоре Јовановски може вода ви носи колку лаги кажавте сезонава. Сергеј Андреев да се коментира е навреда кон сите оние кои го пратат Вардар. Сите го научија и го познаваат.
   Сакаме откази, оставки, раскини на договори, шут карти, казни, кратења од плати!!! Време е Самсоненко да престане да го сфаќа ФК Вардар како хоби. Доколку тоа не се случи тогаш подобро е да го напушти. Нека се сконцентрира на ракометот, еден ден можеби ќе станеме европски шампиони. Ние веќе сме му благодарни и до сега за ова што го прави. Во фудбалот сме научени да патиме, фудбалот е проклет со години и така и така. Самсоненко со ваков однос и вакви луѓе поставени на такви битни функции не ни е потребен во ФК. Текстов е само подготовка за она што ќе следува во Европа, а тоа е ново разочарување и лекција од некој клуб кој од кога ќе го помине Вардар ќе прима по 5 голови од еден Шахтјор. Понекогаш се прашувам дали сум луд кога помислувам дека подобро ни беше со ајдукот Брацо.
   НАДВОР ОД ВАРДАР манекени, политички подлизурковци, татини синови и неспособни директори !!!
  Терајте си шеми на фејсбуци и во вашите угостителски објекти!

Thursday, 20 November 2014

За ФК Вардар



   

 Веројатно постои едно нешто во што сите се согласуваме во нашава држава. Фудбалот е на загрижувачко бедно ниво. Од репрезентацијата речиси сите се откажаа, Скопје одамна не му верува ни на ФК Вардар. На фудбалската мапа во Европа не постоиме. За нас „зависниците“ нивото на квалитет не игра никаква улога, секогаш сме со Вардар без разлика на допадливоста и нивото на фудбал кој го игра. Но, разбираме и ние по нешто, впрочем по 10, 20, 30 години одење на стадион исклучиво поради љубовта кон Вардар, (не очекувајќи никаков есктра квалитет) можам да кажам дека разбираме многу повеќе од оние кои во кладилниците се воодушевуваат на потезите на своите „идоли“ во странство. Не одам на Градски нема што да видам е најчестиот коментар на истите тие. Реално, до некаде се во право, а и да не се, тие имаат право на свое мислење и одлука. Но, за жал голем дел од тие никогаш и не се појавиле на стадион па да направат споредба.  Сезонава Вардар игра убав фудбал за условите на кои сме навикнати, можеби и најубав во последниве 20 години. На Градски имаше пар убави натпревари со добри потези, доста трчање и по неколку голови. Убеден сум дека со темпото и убавината и бројот на головите кои паднаа ништо не заостануваа зад некои просечни натпревари во Шпанската или Италијанската лига (без Реал и Барса). Она што радува е бројот на евроголовите кои паднаа на Градски. На секој натпревар паѓа гол кој го одзема здивот на сите фудбалски познавачи. Штета што малку луѓе го гледаат тоа во живо. Дашјан и Асани се најзаслужни за тоа. Играат во одлична форма и доколку продолжат вака Вардар ќе има „коњи за трка“ и во Европа следната сезона. Доколку се доведат уште барем двајца фудбалери со таков капацитет можеме да имаме весело лето после долго време, а зашто да не и есен. Стоперите играат се посигурно и подобро. Имаме квалитетен лев и десен бек. Доколку се интервенира со по еден екстра квалитетен фудбалер во средниот ред и во нападот ќе се формира тим можеби посилен (на хартија) од оној кој за еден гол не влезе во групната фаза на ЛШ пред повеќе од десет години. Важно е дека се движиме во вистинска насока и конечно после долго време имаме право, но и основа да се надеваме на посериозни успеси во Европа.
   Додека победуваме и фудбалерите навистина не ни оставаат простор за никакви негативни коментари, мораме за жал да упатиме критика кон управата или поконкретно кон луѓето задолжени за маркетинг доколку воопшто има такви во клубот. Да не се лажеме, публика од едвај 500 луѓе е срамна бројка. Повеќе публика чиниш има на натпревар меѓу тениски ветерани во ТК Југ. Тоа е срам за Вардар и секако срам за Скопје. Ситуацијата е таква каква што е, но загрижува фактот дека управата на Вардар не успева да најде начин како да ја врати или да ја покани дел од публиката на која одењето на стадион и е познато. Понатаму, управата не работи ниту на привлекување на оние најмладите (нови Вардарци). Најстрашно е што таа е помирена со ваквата констелација и не е заинтересирана за промена на подобро. Секој Скопјанец е потенцијален Вардарец.
   Драги Скопјани, дојдете на стадион. Викнете друштво, зезајте се, испијте по некое пиво или ракиичка во блиските кафанчиња по натреварот. Ќе видите дека овој Вардар има капацитет за нешто кое го сонуваме сите и ние кои сме постојано на Градски и вие кои се радувате на головите на Манчестер или Баерн пред вашите телевизори. Ќе се изненадите пријатно, ќе видите подобар фудбал од тоа што очекувате, а зошто да не и по некој еврогол. Вардар мрдна од мртва точка и се надеваме дека ќе продолжи да расте. Последениот натпревар во 2014 на Градски е на 30.11. Градско дерби против Работнички кое ветува добра забава, дружење и фудбал. Работнички е во страшна форма и моментално тоа се двете екипи кои го играат најдобриот фудбал во државава каков и да бил.
   Сите на стадион, мора да се разбудиме, фудбалерите заслужуваат барем еднаш сезонава да играат пред полна Северна Трибина !!!
                                                                        
П.С Среќен роденден за двајцата, можеби и најважни играчи сезонава за нас - во ФК Артак Дашијан и во РК Арпад Штербик!

Sunday, 16 November 2014

Блиску, но сепак недоволно



Конечно во оваа сезона ни дојде силен и спремен ривал со играчи и структура на поставеност на тим кои се на класата која нашиот РК Вардар се стреми да ја достигне. Клуб кој со години е таму каде што ние сакаме да бидеме, клуб кој знае како се губат вакви натпревари и полека почнува да учи како се победуваат исти такви против најдобрите противници.  Денес околу 6000 луѓе дојдоа да го проследат Вардар и да му помогнат со цело срце да направи поголем успех, но тој не успеа тоа да го искористи. Веспрем е доволно познат тим за сите оние кои гледаат повеќе од три месеци ракомет. Клубот со кој дел од македонската јавност и новинарска фела обожуваше да го споредува Вардар создавајќи лажен мит за моменталната сила и капацитет на нашиот градски клуб. Ова ни е втора лекција.  Видовме заостануваме зад нив и нивното ниво и тоа е добро. Технични и тактички бевме надиграни. Веспрем беше подобар во текот на сите 60 минути. Но, истотака видовме и дека ситници решаваат меѓу великаните. Една крената нога на Миклер носи трето место можеби прво место за нас. Ние имаме основа, имаме желба, ќе напредуваме и за неколку години ќе станеме великани и ќе ги престигнеме Веспрем. Е  тогаш Штербик ќе ги решава натпреварите против Кил, место против Монпење.
   Вардар има 2 силни постави, но вчера игравме со една. Тоа е така зошто имаме тренер кој за жал не им верува на своите ракометари. Не доволно храбар да го одмори извиканиот Дујшебаев кој со своите глупости го прокоцка целиот натпревар. Можеа и Терзич и Лазаров да го одморат 5 до 10 минути. За Прибак и да не говорам. Навредливо е тоа што доби шанса во еден напад со играч помалку.  Алекс не е човек за големи натпревари, не знае да се врати во игра после лош почеток, тоа го видовме и во Автокоманда. И покрај недоволната игра за да се победи Веспрем, сепак имавме шанса и тврдам дека Раул ја прокоцка и никој друг. Прво поради својата неумешност и немањето сенс кога да побара тајмаут, недовербата во дел од своите ракометари и трето немањето стабилен шутер на пенали на кој му верува.
   Да не претерувам, но денес личевме на Металург во нападот. Голем дел од вината сноси и Лацкович, едно од најголемите трансфер промашувања во историјата на македонскиот спорт. Секоја чест за името кое го има изградено, но моментално не вреди за ништо, дури потфрла и во одбраната. Вардар место засилување доби ослабување на таа позиција, па лани со Филип Лазаров подобро ги отваравме натпреварите да не се лажеме.
   Ех да го дадеше Брумен пеналот! Не го даде и што? Требаше да изгубиме ?? Можевме да одиграме концентрирано во одбрана и пак да го добиеме натпреварот. Но ние примивме стандардно глуп гол под фаул. Вакви голови хронично примаме во последните минути од сите густи натпревари. Затоа, Брумен мора да биде ослободен од тежината и одговорноста. Тој не е виновен за поразот. Имам пречувство дека било кој од тие 10 што играа во нападот ќе промашеше затоа што играчите на Веспрем (во случајов Миклер) се психички поспремни во такви моменти.
   Каде се судиите во целата приказна, нашите дежурни виновници? (да не се налутат коментаторите од АЛФА) Секако, тие секогаш судат исто. Ништо не беше поразлично и вчера. Секогаш во првото полувреме му помагаат на послилниот. Доколку со храбра игра без грешки се избориш со тоа во второто те оставаат да го победиш посилниот ривал. Така беше против Барса, Хамбург и Фленсбург лани, така е и сезонава против Реин и влера Веспрем. Штета што сеуште македонската јавност не научи дека судиите можат да те оштетат само кога ти не го прикажуваш најдоброто што го можеш. Со други зборови со добра и стабилна игра нема судија што може да ти ја одземе победата.  Реално, ЕХФ на секаков можен начин ќе проба да го натера Самсоненко да дава што е можно подолго време повеќе средства во ракометот и да мора да изгради скапа екипа за почит па да прекине да ни прави опструкции. Тогаш ние ќе бидеме тие на кои им се додава ветер во грб.  Ракометот е спорт на неколку држави од северот од Европа и тие тешко во своето друштво примаат новајлии. Пример за тоа е и Веспрем кој со години губеше во четвртфиналиња за да би стигнал до Ф4 турнирот. Брзи успеси преку ноќ ЕХФ не дозволува!
   Денес Вардар не беше доволно добар само затоа што Веспрем одлучи така да биде. Тоа ја покажува нивната класа во играта и нивото кое го имаат. Веспрем играше без Наџ да не заборавиме. Тоа требаше да биде олеснителна околност, но и тоа не го искористивме. Знаеа дека ќе бидат малку хендикепирани во нападот и затоа дојдоа решени да одиграат со 110% во одбраната во сред Скопје. Знаеа дека само така ќе не победат. Успеаа во тоа, секоја им чест.
   На крај ќе кажам дека поразов претставува удар за целата тактика и калкулантски однос во СЕХА лигата. Тактитата која ја увезовме од Металург не носи успех. Мора да се менува под итно. Мора да се игра со сто посто во секој натрпевар и да се гази противникот. Годинава Веспрем ни покажа како се прави тоа. Ни покажа и Мешков Брест кој за 8 дена им одржа лекција по ракомет на двата најголеми гиганти моментално на Балканот, Вардар и Загреб.
   Ракометари главите горе! Одигравте колку што можевте, знаеме дека сакавте да победите. Во Унгарија одиграјте порастеретено па што биде нека биде. Секогаш сме со вас!

   НАПРЕД ВАРДАР !!!

Saturday, 25 October 2014

Репрезентација





Од денес, блогот Скопје за Вардар на нов домен: http://skopjezavardar.blogspot.com/
Продолжуваме понатаму, за Скопје и Вардар!


Во последниов период, ние од блогот Скопје за Вардар решивме да направиме мала пауза од пишување. Но, следевме се што се случуваше со нашиот Вардар.
Откако ја добивме Шкендија во лигата и купот во фудбал, откако го победивме Рајн Некар во ЛШ и успеавме на Монпеље дома да му скинеме бод, на нашата среќа и нема крај. ЖРК нажалост не успеа да стигне до поволен резултат во Подгорица, но никој не е разочаран бидејќи сепак тоа е најсилниот конкурент во нашата група, а и следи двомеч дома.
Токму поради ова ние некако молчешкум го поминавме овој период, а можеме да му кажеме едно огромно фала на Вардар што ни ја приреди оваа радост, и се надеваме дека таа ќе продолжи и во иднина.
Бидејќи ние во моментов можеме само да се фалиме со нашите успеси, во оваа статија решивме да се позанимаваме со туѓите проблеми. Конкретно, оние на машката репрезентација во ракомет изразени поради РК Металург.


Ќе пишуваме за нус продуктите на тие школи, и неколкуте просечни ракометари кои излегоа од нив, а очигледно не се кадарни и доволно квалитетни да играат за нашата репрезентација. Таа, реално, со финансиските проблеми, е уценета од интересите на еден човек, кој поради тоа што морал да става филтри на оџаците од кои го труе градот дваесет години, не сака да даде плата на оние искусните, за тие да би играле со сто проценти и би можеле да го дадат максимумот во овој циклус квалификации и на светското во Катар во 2015.

Прашањето што се наметнува е што сега? Селекторот Обрван е спречен да влезе на тренинзите на Металург и да ги оцени ракометарите. Тие пак, не се во полна форма поради непримање плата.
Во последниов период, со нивната "финансиска криза" конечно паднаа многу лаги на тој тим за кои ние на Скопје за Вардар пишувавме многу. Време е да падне последната. Грижата за македонскиот спорт.

Со оглед на тоа што некој и покрај државниот интерес да се вратат играчите во форма за репрезентацијата некој тера инает со истата и прави разноразни опструкции кои треба да доведат до неуспех, одговорно прашуваме: Кој се грижи за репрезентацијата??? Металург, кој на секој начин го опструира нејзиното работење? Џабе е господа тоа што 70% од репрезентацијата доаѓа од РК Металург, кога вие сте тие кои ја кочите во секој поглед и не и давате да направи поголем успех. Малку е и што го правите ова, па и се мешате во работата на Федерацијата и правите сопки на сите страни. Очигледна е вашата потреба за неуспеси. Дали повторно ќе ја гледаме сликата од предходните неколку ЕП и СП, кога 100% се залагаа само С. Стоилов, Ф. Лазаров, К. Лазаров и Б. Ристовски, а сите други играчи беа бледа сенка на она што се во своите клубови? Металург продолжува со политиката "слаба репрезентација, јак Металург", бидејќи тој често пати се поистоветува со истата, па и се претставува како нејзина достојна замена!

Дали Македонските играчи во Металург служат само како бројки за исполнување одредена квота, а Лино Червар на терен ги вади Коцич, Липовина, Џукич и целата колонија на 20 годишни просечни ракометари (кои и го зафаќаат местото на младите македонци во тимот) и ги злоупотребува со земање проценти од нивните плати да играат?

Нас не боли за нашето. Нашиот национален тим страда поради инаетот на еден човек кој се однесува како султан, и уште еден  "помакедончен" хрват кој глуми негов везир. Тие заедно и мачкаат очи на јавноста додека свесно ги минираат нашите успеси, успесите на можеби една од најзлатните екипи кои ќе играат за нашата репрезентација.
Ние, Вардарци, и те како се грижиме за нашата репрезентација.
Ова е последната шанса за излегување на еден врвен спортист како Кире Лазаров на Олимпијадата како знаменосец. По ова првенство, се ќе биде поинаку. Тогаш ќе ги "береме плодовите" од работата на школите на Металург, и ќе сфатиме колку тие ништо не работеле според ракометарите во националниот тим. Но за тоа потоа. Најбитно е сега да се зграби шансата за Олимписките игри, и репрезентативците да прекинат да бидат оружје во раката на еден милијардер кој сака да го уценува народот и државата!!!!

Прекинете да лажете. Прекинете да продавате приказни. Веќе сите ги знаеме. Дозволете и на репрезентацијата и репрезентативците во вашиот клуб да донесат успеси за државата, бидејќи таа на секој Македонец му е важна!


Ве чекаме во сала вечер, ЖРК Вардар-Турингер! СИТЕ ЗА ТУРЧИН!