5:0 драги Вардарци. Не исплеска Ренова како
мали деца за десетина дена. Ни го урна сонот и сезоната. За една недела ни
покажа дека ФК Вардар е проклет проект кој и да се зафати со него. Дали не
краделе управи, дали сме имале бедни тренери, дали играат манекени и „wanna be“ фудбалери кои повеќе се секираат кои девојки
ќе седат на нивните сепариња во нивните кафулиња одколку за нивните резултати и
игри за нас е сеедно. Разочарувања доживуваме секоја сезона.
Чашата се прели и оваа сезона и повторно пред
Нова Година. Повторно видовме дека бевме лажени. Двоја круна, двојна круна
секој ден се фалеа и не убедуваа дека се освен таа двојна круна ќе било неуспех
и катастрофа. Епа, дојде катастрофата. Но, нив таа двојна круна не ги
интересира. Па погледнете на што личиме, Градски стана кафич на Ленинова каде
убавите девојки се изложуваат пред побогатите фраери во случајов наши
преплатени фудбалски „звезди“. На Градски се сликаме за фејсбук и инстаграм. Да
не се Комити нема да познаеме дека се игра фудбал. За каква Европа зборуваме и
се лажеме? Се плашиме од Работнички дома, губиме од Ренова чиниш како од Реал
Мадрид. Битно прославија манекените есенска титула, нешто што воопшто не постои
и не се брои. Молеа, се сликаа и бараа публика. Публиката не сака измами,
публиката сака искрен однос. Публиката има можност да го гледа Веспрем, но пред
се РК ВАРДАР. Постојат милион причини зошто вие не заслужувате ни минута
внимание. Досега ние од блогот повикувавме и апелиравме на Скопјани да дојдат и
да ве подржат. Вие тоа не го заслужувате со вашиот однос. Веќе нема тоа да го
правиме. Кој ќе одговара за овој
несупех? Според мене 90% од се што е во ФК Вардар моментално треба да „лета“ од
Градски. Први на листа се господата таканаречени борд на директори, луѓето кои
на прашањето зошто нема посебни сезонски за ФК Вардар одговараат со „што ќе ни
се, жив чоек
нема на стадион нема да продадеме ни 20 карти“. Изгубени луѓе кои да го сакаа
Вардар барем 10% од она што ние го сакаме ќе направеа нешто позитивно. Ги
затворија вратите на своите, пуштија кечиња, орли и терористи. Не реагираа кога
сопствените фудбалерии им ги линчуваа и тепаа во Тетово и Штип. Не застанаа зад своите навивачи кои бомбашки
беа нападнати во Битола. Се препукуваа со ФФМ преку некои безпредметни алиби
соопштенија вешто избегнувајќи ја суштината. Колаборираа со МВР и ФФМ,
дозволија најголемото македонско дерби да се игра во ебалникот на зајци на
Илчо. Гоце Седловски ??? Сигурно вчера дознал дека Вардар игра во црвено црно.
Што да кажеме за тренерскиот кадар и фудбалерите ? Асани, Дашјан, Влатче и
можеби уште пар фудбалери од одбраната индивидуално можеме да ги пофалиме, но
сето тоа е џабе. Тимот не функционира и игра подпросечно. Сите треба да ја
сносат одговорноста. Извинување е најмалку што можат да направат за да го
исперат срамот кој ни го нанесоа. Дел од фудбалерите и сами треба да си заминат
па дури и да се откажат од дел од своите примања. Се сеќавате ли кога не сакаа
да се поздрават со најверните навивачи? Па да, ним тие не им се важни (со
исклучок на мал број), журките со скопските „лепотици“ и алкохолот кои се точи
во нивните „кабариња“ се поважни. Васовски друже, преку глава ни е од твоите
лаги, колку и да си направил за Вардар како фудбалер. Лани бегавте како од лав
во Штип, нејќевте да се соочите со своите. Оваа година само ти лично барем 10
пати вети двојна титула. Време е да се вратиш во Металург, а со тебе земи го и
големиот стратег Андреев. Ѓоре Јовановски може вода ви носи колку лаги кажавте
сезонава. Сергеј Андреев да се коментира е навреда кон сите оние кои го пратат
Вардар. Сите го научија и го познаваат.
Сакаме откази, оставки, раскини на договори, шут карти, казни, кратења
од плати!!! Време е Самсоненко да престане да го сфаќа ФК Вардар како хоби. Доколку
тоа не се случи тогаш подобро е да го напушти. Нека се сконцентрира на
ракометот, еден ден можеби ќе станеме европски шампиони. Ние веќе сме му
благодарни и до сега за ова што го прави. Во фудбалот сме научени да патиме,
фудбалот е проклет со години и така и така. Самсоненко со ваков однос и вакви
луѓе поставени на такви битни функции не ни е потребен во ФК. Текстов е само
подготовка за она што ќе следува во Европа, а тоа е ново разочарување и лекција
од некој клуб кој од кога ќе го помине Вардар ќе прима по 5 голови од еден
Шахтјор. Понекогаш се прашувам дали сум луд кога помислувам дека подобро ни
беше со ајдукот Брацо.
НАДВОР ОД ВАРДАР манекени, политички подлизурковци, татини синови и
неспособни директори !!!
Терајте си шеми на фејсбуци и во вашите угостителски објекти!
No comments:
Post a Comment