Ние луѓето од блогов во последниов период бевме без статии.
Го чекавме официјалниот расплет на целата ситуација со договорите на играчите
на Вардар, ситуацијата на СП во Катар и случувањата со распадот на Металург.
Во меѓувреме се појавија и некои други блогови, други идеи
со што само се збогати интернет просторот за нашиот најпознат спортски
колектив.
Најпрвин, договорите на РК Вардар. Лошо е тоа што се слуша
во чаршијата во последните неколку дена. Немања Прибак, играч со големо срце,
човек кој не спасуваше во многу наврати во последните секунди, играч кој е еден
од главните креатори на тимската атмосфера најверојатно ќе го напушти нашиот
машки ракометен клуб. Една од најтрагичните вести за секој Вардарец кој барем
два пати го гледал него на теренот во светиот дрес. Ве повикувам сите да се
спротивиме на ваквите одлуки пишувајќи на хаштагот #ПрибакДаОстане на
социјалните мрежи и споделувајќи ги неговите мајстории од последните секунди на
натпреварите. Немања, со тебе сме, и искрено сакаме ти да останеш кај нас!!! На
страна емотивниот дел, кој се планира на неговата позиција? И сега гледаме дека
со два средни бека имаме премногу проблеми како екипа, па се поочигледно е дека
на екипата и требаат три стабилни средни бекови за подлабока ротација од
следната сезона кога се надевам дека ќе се бориме подеднакво (како што тоа сега
го прави Веспрем) на сите фронтови со 100%!
За другите отпуштања и немаме некоја замерка. Добривоје
Маркович е еден добар и корисен играч кој очигледно не се пронајде во
концепцијата на Раул, но сепак успеваше во целото ова време да ја задржи
својата позиција на второ крило. Неговото отпуштање сепак, е природен процес,
со оглед на неговата слаба форма во последните неколку месеци и се повеќето
промашувани шанси. Сепак, нешто сеуште не можеме да си одгатнеме. Зошто го
забораваме Владо Недановски, еден од играчите што одигра врвно на СП во Катар и
што покажа високо ниво за едно крило кое добиваше помалку шанса отколку што
објективно заслужуваше на натпреварите? Владо е добар егзекутор, знае да истрча
контра, има брзина и техника и заслужува да биде замена за Дибиров. Уште повеќе
боли тоа што Дејан Манасков, едно од крилата кое неколку години по ред го
гледавме како со жар во очите ни дава голови, изгорен да не закопа, сега треба
да застане рамо до рамо со нас и да се бори. Реално, Дејан освен ова СП
предходно и немаше баш сјаен скор. Беше во очајна форма на почеток на сезонава,
има катастрофална реализација особено од контри и е прочитана басна за повеќето
европски голмани. Не ни се допаѓаат овие одлуки тој да стане резерва за
Дибиров, а да се заборави Владо Недановски кој е во двојно подобра форма од
него, а воедно и знаеме дека многу помогна во сезоната кога бевме аутсајдери а
му ја земавме титулата на РК Металург. Чипурин има доста сомнителна сезона, и
неговите нозе се се потешки, а тој делува како да е болен. Не сме запознаени
точно со причините за неговото заминување, но му посакуваме се најубаво во
неговата понатамошна ракометна кариера и животот. Истово ова важи и за
Растворцев кој покажа дека годините го стигнале и дека веќе е време за
повлекување од ракометот. Сепак, не можеме а да премолчиме околу ангажманот на
Михајло Марсениќ. Па господа од управа, од сите пикери кои играат на планетава,
вие баш овој играч го најдовте?! Кој ќе биде одговорен за промашувањата кои
овој неискусен играч ќе ги прави тогаш кога се стремиме кон највисок пласман?
Воедно, ние блогерите од Скопје за Вардар сакаме да ги
поздравиме сите оние кои во последните месеци не мотивираа да работиме и да
продолжиме со пишување на вистината за случувањата во македонскиот машки
клубски ракомет. Колку сме кредибилни и веродостојни, проценете сами според тоа
што пишувавме пред година и пол, можеби и повеќе околу ситуацијата во РК
Металург. Кога многумина не кудеа, а многумина не критикуваа, ние бевме на
страна на вистината, и тоа денес се покажа на дело!
Неколку години водевме битка со еден старец кој го интересираше
само неговото, хрватското. Тој безочно лажеше дека се бори за нешто Македонско, со целата управа на Металург која
се скри по глувчешки дупки по доаѓањето на стабилен спонзор во Вардар и тешките
шанси тие да успеат да го уништат РК Вардар! Сега сите играчи на клубот го
напуштаат. Време е Вардар да им покаже на истите оние чии татковци се јавуваа
по контактни емисии како "Вардар е Русија", чии роднини тепаа
Вардарци на натпревари, а неретко и тие самите удираа по оние кои спортски го
бранеа светиот дрес. Време е да им објасни со бојкот и целосно оставање на
цедило на таа банда која е далеку од ракометна, на тие глумци и тепачи кои не
знаат ништо друго освен преку притисоци и закани да водат спортски војни. Време
е да се потсетиме на Автокоманда, на односот кон Јан Собол, на односот кон
Комити, на односот кон Страхиња Милич. Ајде да се вратиме назад и да не
заборавиме никогаш како тие луѓе и нивните најблиски со жар во очи не газеа,
божем освојуваат финале на ЛШ!!! Да издржиме во последната битка заедно и
сплотено како досега и покрај сите закани и уцени кои ги добивавме од страна на
криминалната тајфа!
Вардаре, имаш онакви кои те сакаат, задржи ги. Овој шлајм не
го прибирај кај себе. Остави ги да си играат за РК Струга и Зомимак, бидејќи и
онака голем дел од нив се неупотребливи и за Војводина!!!
До наредното читање, НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ
НОСАМ!!!!!!!!!!!
No comments:
Post a Comment