Skopje za Vardar

Skopje za Vardar

Friday, 11 September 2015

Менаџмент: карти и ПР




Како одлични познавачи на Вардар и состојбите во последните 15 години, ние блогерите од Скопје за Вардар решивме да го подучиме од искуство нешто нашето раководство кое од своите канцеларии губи секаков контакт со навивачите.

Клубскиот ПР е во катастрофална состојба. Иако се фалиме како сме бренд, Вардар не се промовира. Освен ТВ емисија еднаш неделно и едно радио, повеќе репортажи за нас имаше кога бевме најслаби. Клубот не се рекламира ни за карти, ни за уписи во школите за младинци. Дали се е пополнето со татини синчиња, па нема потреба од реклама? Зошто Вардар нема билборди низ главниот град со кој ќе го најави стартот во ПМФЛ и побара поддршка? Немојте да мислите дека ја заборавивме прославата со бесплатното пиво и скара на која дојдоа вкупно 50 луѓе! Ни се смееше цела Македонија!
И додека во целата држава стадионите се полнат, нашата управа наплаќа карти, и не сака да направи ни еден бесплатен натпревар, кој силно ќе го изрекламира, да биде посетен масовно. Како Градски да е Енфилд, па се тепа да влезе пола планета на него. Немањето сенс продолжува со незаинтересираност и дрскост на структурите (очигледно со плава крв) кои им се потсмеваат на навивачите дека биле "банда запалени хулигани и копуци". Сето тоа се рефлектира и на односот на играчите, кои некој од управата ги подучува да "не ги ебат копуците" кои гинат на трибините да им дадат поддршка. Клубот како да сака да ги избрка навивачите. Дали е тоа планот за Европски Вардар???

Тоа што ФК Вардар нема да го наполни Градски не е новина, но и РК Вардар со својата цена од 2500 денари (40 евра) како да сака да ја исчисти салата во следната сезона од навивачи и да го следи патот на успехот на ФК. Да, бројот на натпреварите е зголемен,  Вардар е се поквалитетен и се работи за ЕХФ ЛШ, но никој не може да ме убеди дека системот кој е избран за цени на картите е добар.
Најпрвин, оваа сезона покрај Барса, Киелце и Сегед, ќе се сретнеме и со Колдинг, РНЛ (видно ослабнат), Кристианштад и Монпеље. Дали управата смета дека фиксната цена на карта која ја одредила од само 350 денари е доволна да се гледа европскиот првак Барселона во Скопје? Ние сметаме дека тоа е мизерна сума! Во исто време, дали управата смета дека Кристијанштад, Колдинг и Монпеље чинат 350 денари? Наместо да се направи целосна политика на поефтин сезонски билет, бидејќи одеднаш се даваат пари за истиот (каква што има низ цела Европа), нашата управа ги бара истите пари и ти дава само сигурно место. Па со таа фиксна цена заради сезонските потоа не можеме да ги наплатиме натпреварите со посилен противник!!! Не ми се пишува за полупразната сала лани во неколку наврати поради ваквата грешна политика! Воедно, кога започнува приоритетната продажба на билети за замена во 10:00 во понеделник веќе цели блокови се резервирани и однапред зафатени. Дали е ова начин Вардар да се одроди од навивачите и да се промовира во други кругови? Дали станавме шефовско клубче и сите смртници кои го поддржувале сега не му се потребни? Ние немаме 100 навивачи! Излишни ќе бидат повиците "Салата да се наполнела било најголем императив" и акциите купи една добиј две карти кои ќе бидат неизбежни на натпреварите со Колдинг, Монпеље и Кристијанштад ако управата планира да ја наполни салата. Да не заборавиме, сепак се работи за истата управа која лани ги измами оние што купија сезонски за ЖРК Вардар со акциите кои потоа ги правеше да ја спаси сезоната бидејќи никој не беше заинтересиран за карта! Немањето сезонски за фудбал и влегувањето со ракометните до фебруари, а потоа барањето да се купуваат карти беше срамно. Мизеријата од управа дури и тоа се дрзна да го направи - да повлекува и носи одлуки за карти во среде сезона за профит од 400 денари од сите натпревари по човек без кои Вардар очигледно ќе банкротираше!!! Секоја чест на управата која очигледно работи за интересите на спонзорите и против навивачите. Глумењето Металург е нешто кое што никогаш нема да го премолчиме! Очигледно некој во клубот размислува како да продава карти без да се осврне на тоа дека спортот се игра за навивачите. Ова е Македонија и Вардар.
Најголемата грешка се прави кај сезонските билети. Најпрвин, ако има сезонски билет за ЖРК и РК Вардар во ЛШ со фиксна цена постојат други начини за попусти и привлекување на публика.
Сите оние што ќе ги купат двата билети да добијат одреден попуст на сезонските. Зошто нема сезонски билет за СЕХА лигата за РК и домашното првенство за ФК? Зошто да не се направат разни пакети, и во комбинација на купување на билетите со нив да се добиваат поголеми или помали попусти? Па еве господа, штом попустот ви е толкав трн во око, не мора да го дадете. Дадете реквизит од фаншопот. Пример, за ФК во домашното и СЕХА шал; за СЕХА, РК ЛШ и домашно маица и шал, а за сите 4 сезонски билети дрес по избор? И сето ова под еден услов: сите карти, или барем половина од секоја трибина да се продаваат. Па најупорните нека победат!!!
Ем ќе привлечете повеќе публика, ем ќе остварите поголеми профити. Ова е само една од многуте идеи кои никого не го интересираат. Сепак, немаме време за овие организациски глупости, секоја година имаме нова компанија за карти па и тие никако да научат нешто.

Во последните година и пол нашата управа влегува од грешка во грешка. Секој ден публиката е се повеќе разочарана од таквите одлуки. Навистина е жално да гледаме дека брендот Вардар навистина не знае да се продаде, а во исто време да биде фер кон навивачите. Дали народната "многу бабици, дете килаво" повторно ќе се докаже на дело со примањето менаџери и директори кои немаат ни основна идеа како да наполнат сала, како да ги поттикнат навивачите да купуваат во фан-шопот и да се испромовираат? Останува дилемата, дали се работи за дилетантизам и непрофесионалност, или пак се работи за неискуство? Самсоненко, освести се!!!

Tuesday, 11 August 2015

За сите нас





Вчера како и секој нормален ден не гледав вести. Едноставно, не ме интересираат. И така, дојде 20 часот а јас практично немав ни идеа каква медиумска кампања се покренала против ФК Вардар, Сергеј Самсоненко и Комити. И кога другар ми прати вести, цели фермани, известија, слики (едни те исти ТРИ што се вртат на милион места). Па текстови, изјави, фејсбук статуси (ВЕ МОЛАМ, ФЕЈСБУК СТАТУСИ!!!) на некои си таму луѓе, се запрепастив. Па вие ги поминавте сите граници.

Седнав, пробуричкав и не можев а да не се згрозам. Пет медиуми, редовни душебрижници, ширеа мал милион глупости. Зародишот на таа акција го почнал објективниот и неутрален новинар-уредник, кој вечерта пред да ги објави овие вести ставил слика од неговите дечиња во дрес на ФК Шкупи на својот фејсбук со коментар дека не играат милионите(факт што јасно ја определува неговата неутрална позиција во настаните). Новинарот и уредник, по професија, а во слободно време НАВИВАЧ НА ФК ШКУПИ, се дрзнал да кажува кој и како колку деца тепал. Каде беше господине новинар, да кажуваш за младинците на ФК Вардар што ги тепаа во Чаир истите овие кои беа тргнати од Северна трибина поради жестоката реакција на публиката кон нив од овие настани? Кој тепа деца господине, и тоа не било какви, туку младински фудбалери на фудбалски натпревар организиран од ФФМ? Каде е тука правдата? Можеби ти се гордееш со изјавите дека Чаир бил за Македонците грчка граница (освен за Македонките) и дека таму тие немале пристап, па затоа реши да скриеш уште еден во серијата немили инциденти кои во таа населба се веќе секојдневна појава? Тоа што си необјективен, ќе го разберам, бидејки сепак ти си Албанец и ги браниш "своите", иако глумиш дека немало наши и ваши.
Но твоите колеги, Македонци, кои десет години во оваа држава ПЛАЧАТ како во македонското судство и новинарство се изгубила презумпцијата на невиност сега отворено те поддржаа во тврдењата дека нападнале Комити, иако ни една полициска истрага до сега не го потврди ни изнегира тоа тврдење. Како смееш така да обвинуваш за една истрага за три деца кои биле тепани (ни прва ни последна), можеби од "нивни" Албанци во местен инцидент за сега Албанците на глава да се качат за права, а упорно бегајки од обврските кои оваа држава ги налага???

И најстрашно е што во оваа пропагандна војна која 25 години ја водите има новинари македонци кои ве поддржуваат и ви даваат простор да ги ширите вашите небулозни тврдења. И по стариот добар обичај, секој пат кога Албанци напаѓаат Македонци барате да не се става приказната во етнички концепт и викате дека тоа се обични физички напади (изолирани инциденти), но кога Македонци напаѓаат Албанци, е тогаш секогаш мора да има етничка позадина на инцидентите. Па секој оној кој учел дефендологија ја поминал лекцијата во која се дефинира дека помалите етнички заедници секогаш ги напаѓаат поголемите од страв дека ќе бидат асимилирани, обидувајќи се да се "заштитат" од духови кои сами ги гонат.

За вестите сами немаме што да дебатираме. Каква мизерија и жал. На една телевизија излегува вест во која момчињата изјавуваат дека "можеби биле Комити". На друга пак, се пренесува дека најверојатно биле членови на навивачката група Комити. На сајтовите се пренесува дека децата изјавиле дека знаеле дека се Комити. Целосна конфузија - кога во недостаток на приказна работите се фабрикуваат до степен на лудило и општа тензија (нешто во што навистина сте мајстори) па се ставаат во некои драмски конотации. Навивањето против Албанците не траеше ни 10 минути вкупно, а беше изделено на 2-3 дела низ целиот натпревар. Уште една лага која се сака да се протне.
Нема да заборавиме дека притисоците да си оди управата на Шкупи според вас биле правени при резултат 2-2 во 91 минута (иако сите си отишле во 93 од стадионот). Зошто некој нормален би молчел 90 минути, па би се напнал баш во 91 кога и онака сите ќе си одат?! Вие ни објаснивте дека имало инцидент кај Сити Мол, кој пак е одалечен од стадионот со километри и вистинско прашање е дали воопшто е поврзан со натпреварот? На плоштадот се случиле инциденти, но дали и тие биле на некаков начин поврзани со натпреварот, бидејќи некој како по правило секаде го крие времето кога се случиле, за можеби никој да не може да си поврзе дека биле предоцна. Дали можеме по оваа логика нападите по автобусите во Чаир и Бутел (за кои не гледам да известувате) да ги поврземе со вчерашниот натпревар?

Не смеам да ги заобиколам фејсбук борците за слобода и Че Геварите. Тие ќе ги собирале Комити, ако другите не можеле, а не се способни да соберат Панини албум со сликички. Изјави од разноразни "навивачи" на Вардар кои кажуваат како тука со години немало инцидент и се згрозени. Како сите доаѓале во Скопје од цела Југославија и немало проблеми. А не кажуваат дека кој доаѓал тука од некаде морал да биде тепан, па Скопје било едно од најжешките гостувања во СФРЈ лигата, избегнувано од многумина. Но, тоа биле некои други времиња, и не можеме денес да се угледаме на истите. Во секој случај, нивните изјави доволно говорат за нивниот стаж на стадион кој траел сигурно три и пол натпревари.

Заканите дека "ако не се најдат сторителите јасно е кој стои зад сето ова" се само беден обид за протнување на приказната која е веќе изветреана. Комити Скопје е група која самостојно функционира и работи и нема никаква допирна точка со ниедна политичка партија, за разлика од некои кои пред камера беа ослободувани од лисици од високи функционери!
По ова, се поставува прашање: дали можеби нападнатите се навивачи на ФК Шкупи? Зошто не е возможно тие да биле Шверцери? Дали тоа некој го истражил? Дали можеби се работи за пресметка меѓу навивачките групи?!

Лесно е да се претворат работите во црни и бели, зошто таму каде што ги нема партиите, таму "слободоумните новинари" кои се залагаат за презумпција на невиност и фактите, а богами и слободата, се први да донесат суд уште пред и сами да дознаат што се случило (зошто не оставиле ни време за тоа). Жал ми е, но далеку сте од објективно новинарство. Сами покажавте колку манипулативно шпекулантски делувате, а мене ме разубедивте уште повеќе да продолжам да не ве гледам, слушам и читам!!!

П.С. Листата е долга во минатото. Многу пробаа но не успеаа. Нема ни новинари на кои им е ветено дека "ако се смени власта ќе станат уредници на националниот сервис" па плукаат против се, па и против нас во обид за политички поени. На нас нема да поентирате, ние не сме другите! Доаѓаат нови битки браќа Комити!

Sunday, 19 April 2015

Фајнл 4



Фудбалерите денес успеаа да не израдуваат. 93 минута, гол за 1-0 против Ренова, нешто што повеќето не успеаа да го дочекаат во живо сезонава поради ракометот кој секако не окупираше. Повратниот дуел во четврт финалето на ЛШ не е мала работа, особено ако знаеме дека дома изгубивме 2 разлика но имавме реални шанси за напредок.

И сега логично се поставува прашањето зошто Вардар испадна во осмина финалето. Навистина не ни се објаснува веќе и сакаме да се израдуваме после сите овие години, ама ќе мораме да се објаснуваме. Не постои една директна причина за испаѓањето, туку тоа е склоп на повеќе околности.
Позитивно е што оваа сезона не паднавме на крај и бевме уморни, туку еднаш и ние успеавме во полна кондиција да изиграме од почеток до крај, што е за пофалба кон стручниот штаб кој очигледно работел. Мораме да кажеме дека успеавме и да ги отстраниме оние делови од натпреварот во кои се губиме и имаме проблем со концентрацијата.
Но, сеуште нерешливи проблеми на нашиот тим се индивидуалниот капацитет. Дефинитивно се гледа дека играчите малку работат на самостоен план преку нивните понекогаш чудни падови во текот на натпреварот. Ако сакаме фајнл 4, ќе мора на тоа да поработиме.
Ќе мора и управата да поработи на полнење на џебовите на лицата од ЕХФ. Ние сме спас за нив и нивната состојба на пропаст и негледање ракомет низ Европа, и дефинитивно сме една од атракциите во ЛШ. Но без адекватна финансиска мотивација во европската куќа на ракометот ќе продолжиме да гледаме сомнителни судиски одлуки на арбитрите во четвртфиналињата кога најмногу ќе биде потребно. Тие не се пресудни, но се доволни еден Арпад Штербик да се демотивира. Еден Добривоје Маркович да не може да прекине да станува на клупа и да урла после враќањето на секоја топка назад откако противникот ќе промаши.
Засилувањата за следната сезона се откриваат уште од сега како вистински. Во четврт финалево ја видовме реалноста. Се буневме за Немања, ама Немања денес на нерешено во првото полувреме, во ситуација 6 на 4 пред голот на Киелце промаши. Тоа промашување, и низа други пропуштени шанси кога на Дујшебаев два пати при нерешен резултат му паѓаа топки, Игор има големи грешки со подавања не чинеше сезона. Навистина имаме непокриени позиции. Затоа не сме кадар за Ф4, барем не сеуште.
Но, факт е и дека ни треба факторот на среќа. Не може во вториов дел од полусезонава овој ростер да погоди стативи онолку колку што погодил во последниве 3 сезони колку што игра заедно. Немаме среќа. Не не сака. Што е тоа што е против Вардар? Не ни ја дава радоста. Судбината не сака да ни ја даде. Зошто? Катастрофата да биде поголема, еднаш ние не можеме да се израдуваме. Сакам еднаш да го осетиме чуството на победа, на среќа, радост, еднаш да се оствари она што секој навивач го посакува за својот клуб. Нас нема да ни го даде тоа. Барем не сеуште.
Можеби некогаш ќе биде.

НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ

Friday, 3 April 2015

"RIP" Штип

Вака пишувавме во предходната сезона по натпреварот во Штип. Ова е нова објава на истиот текст. Орегиналот е на стариот блог домен, а можете да го отворите со кликање тука.


Пред да почнам да пишувам ќе напоменам дека текстот не се однесува за оние Штипјани кои во неделата сакаа нивна Брегалница да загуби, бидејќи имаше и такви.

Сеуште сум под импресии од она што го доживеавме во Штип. 2000 Македонци кои навиваат за тим чија навивачка група носи име Фаланга веројатно го направија најголемиот грев коj ни сами нема да можат да си го опростат еден ден. Таква страст одамна не сум почувствувал на фудбалски натпревар. Во недела се славеше за секој гол на Шкендија, се славеше со таква еуфорија која може да се спореди со гол во последна минута кој носи титула или влез во некоја повисока лига. Што е проблемот, толку ли проработеа комплексите, толку ли се мрази се што е од Скопје, а е обоено црвено-црно?  Желбата да се наштети на Вардар е таа што ги влечеше тие луѓе, дури и по цена на наша штета да профитира клуб кои во прва прилика ке го исплука и запали знамето на државата која ќе ја претставува во Европа. Додуше тоа знаме нема ни да го видиме на лето. Нема, бидејќи Металург, Турново и Работнички заедно имаат 17 навивачи, а племето што секојдневно убива Македонци на улица тоа знаме го користи само кога треба да го пали. Од каде таа омраза према Скопјани, зошто такви остри погледи и намуртени ликови, мислам дека и ѓаволот ќе имаше подобар пречек. Провокации, повремени напади со камења и други реквизити (за среќа безопасни), неспособни и неписмени редари кои мислеа дека се наоѓаат во појасот Газа па креираа некакви си тампон зони. Смешно и трагично истовремено.

   Фудбалерите на Брегалница одиграле за своја чест. Точноста на оваа теза сега веќе не е битна. Тие секако имаа право да одиграат најдобро што знаат. Наградата секако ќе стигне од Тетово, но и тоа стана легитимно во фудбалот бидејќи не е прв таков случај. Она што треба да се знае и да не загрижи се обидите да се стапи во контакт со управата на Вардар и да се побара нешто за возврат со цел намерно да се загуби натпреварот. Нашиве не дале ништо, но некој друг дал. Чисто наддавање и тука нема што да се лутиме. Дали постапката е во ред исто така постојат различни мислења. Во секој случај некој од нашиве експерти од управа проценил дека сме толку силен и моќен тим и ќе се прошетаме низ Штип, а цела сезона се молиме да дадеме по некој гол со екипи кои веќе се второлигаши. Или па не требаше да дадеме гол? А што ако ние сме најголемите шиптарски слуги? Колку вреди тоа што нема да настапиме во Европа? Направи ли некој таква проценка? Залутани луѓе го водат клубот. Не само што не им е грижа и се неспособни, туку се и прости. БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ! САКАМЕ САМИ ДА СИ ОДИТЕ ВИЕ КОИ ДЛАБОКО ВО СЕБЕ ЗНАЕТЕ ДЕКА СТЕ ВИНОВНИ! Тоа е најмалку што треба да направите. Со месеци се затскриваа лошите резултати со некакви си кадровски решенија и носења на познати имиња и легенди. За жал тие луѓе не смеат ни да поделат по некој совет, а камоли да донесат одлука. Нив никој не ги слуша, никој не ги прашува ништо. Тие се маска дека нешто добро се прави во Вардар. Зошто го донесовте Хаџиевски, јавно прашуваме? Мислите дека сме толку наивни и него ќе го обвиниме за оваа лакрдија. Нема да успеете да ги зачувате вашите позиции, не сте први кои ќе видите што значи да си играте со Вардар. Самсоненко не го видовме во Штип, но затоа отиде да се слика во Охрид. Дали му е важен ФК Вардар воопшто? Искрено се надеваме дека е така и ако е така тогаш треба повеќе да се ангажира. Под итно да ги тргне лешинарите околу него кои единствено нешто што го направиле успешно во животот е да залепат плакати и да ишкртаат ѕидови.

Дел од фудбалерите на Брегалница чувствуваат грижа на совест. Кај нашиве нема такво нешто, па тие не сакаат да ги погледнат во очи своите навивачи, оние кои патуваат за да бидат малтретирани од полицајци со ограничени капацитети. Трчаа кон соблекувалните по последниот свиреж како стампедо разјарени бикови. Во тоа време штипската публика го славеше пласманот на Шкендија во Европа. Катастрофа, катастрофален Вардар и бедна публика.

Според најновите информации нов споменик на Џемо Хаса висок 4 метри ќе никне во центарот на Штип благодарение на донацијата на косовските емигранти. Во Штип веќе нема пастмајлии. До каде може да оди самоуништувањето на Македонецот? Навистина тоа не познава граници. Сељак не е поим одреден според географски критериуми, тоа е израз на карактер и образование кај еден човек. Такви ги има и во Скопје, но такви се изнагледавме во Штип. Се ќе им се врати, ниту еден навивач на Вардар кој беше во Штип нема да им го заборави ова.

А ние нема да гледаме фудбал летово, но ќе видиме ли воља кај Самсоненко да почне да работи и да ги решава проблемите? А потребно е да почне од нула. Ништо што е во Вардар моментално не вреди. Сакаме луѓе на вистински позиции, сакаме луѓе кои знаат да работат, но и го сакаат Вардар. Сакаме рекламни спотови за Вардар, не за политички партии. Сакаме фудбалери кои играат фудбал. Сакаме искрен Вардар, сакаме Вардар кој ќе не прави горди во Европа, наместо да не брука во секое гратче и село во Македонија.

Saturday, 28 March 2015

Ем шуто ем боде



Во викендов во кој игра фудбалската репрезентација па не го гледаме ФК Вардар, остануваше да се проследи натпреварот со Мешков Брест на СЕХА Ф4 турнирот во Унгарија.
И се би било така идеално и прекрасно доколку нашите ракометари не поштедеа од додатно разговарање и дебатирање на вакви теми, но очигледно околностите (повредите, емотивната истрошеност, заморот, тактизирањето) беа такви што не успеавме да влеземе во финале на СЕХА Ф4. Од една страна, добро ќе беше да одиграме уште еден компетитивен натпревар на високо ниво. Но, кога се знаеше дека тој натпревар ќе се игра против Веспрем, тогаш можеби подобро е што не го одигравме, бидејќи нема потреба уште во раните фази од проектот Вардар некоја екипа да ни набива комплекси победувајќи не 4 пати годишно. Секако не треба на лисецот Талант да му сервираме дел од нашата тактика и игра

Нашиов текст нема да се занимава со тоа што се случуваше во Унгарија, ни со играта на тимот. Ќе напоменам повторно, емотивно сме истрошени, не сме ние Кил па да мелеме кај стигнеме и толку ни е силата во моментов. Проценката на стручниот штаб е таква каква што е и ние ќе ја почитуваме се додека има позитивни резултати. Но, време е да се позанимаваме со некои од реакциите кои не стивнуваат после вчерашниот Вардаров меч. На страната Балкан Хендбол, се појави текст-коментар "Vardar u Vespremu: Zašto šamar SEHA ligi?".


Кој стои зад овој текст и овој сајт? Жика Богданович, големиот српско-балкански новинар од областа на ракометот. Истиот Жика што пишуваше во последните 3 сезони како Металург е највеличествен, најграндиозен и најдобар ракометен проект во Источна Европа (а забораваше на РК Загреб, РК Вардар, Веспрем, Мешков Брест и многу други). Истиот Жика што скоро секоја недела беше во Скопје и правеше интервјуа со играчите на Металург и стручниот штаб, а ни еднаш не се сети да сврати на Кале и да ги види Вардарци барем дали се живи. Е истиот овој г-дин Жика сега дава коментар како ние "не сме сакале да играме на СЕХА Ф4, зошто воопшто сме отишле таму, подобро Нексе да учествувал, што кажал Раул и колку пати се насмеал, кој направил селфи" и уште еден тон глупости.
А ако се присетиме подобро, токму Жика беше оној кој со гордост ги пренесуваше изјавите до лани на Лино Червар: "СЕХА лигата е подготвителна лига. СЕХА Ф4 го играме само да би учествувале на него, но немаме намера да се оптеретуваме со истиот. Наша цел е ЛШ. а СЕХА Ф4 е небитен."
 
Па г-дин Жика, зошто вие тогаш, кога Червар го маваше ова во лице на новинарите и ги уништуваше, омаловажуваше и обезвреднуваше СЕХА Ф4 турнирите во Загреб, Скопје и Ниш не реагиравте? Зошто молчевте, хер Жика? Како тоа одеднаш кај вас се пробуди желбата да плукате по РК Вардар, а до вчера кога Металург понижуваше се што е СЕХА од збор до збор ги пренесувавте нивните изјави и во вашите колумни ги браневте за таквите одлуки небаре ви се родени браќа? Кога станавте морален и етичен до овој степен?
Да потсетиме, Вардар е најуспешната екипа во кратката историја на СЕХА лигата па од тука доколку правиме по ваш кејф некаква си ранг листа кој колку ја омаловажува СЕХА лигата Вардар би бил последен.

Примете еден совет од нас. Пишувајте малку во вашата татковина, анализирајте и критикувајте таму. Би сакал во вашиот следен текст да прочитам за состојбата на српскиот клубски ракомет. Еве ви некои предлог теми-прашања. Каков е односот на српските екипи кон СЕХА лигата? До кога ќе губат со 15 разлика од македонските екипи, до кога ќе служат за гол разлика? До кога благодарение на нивниот „квалитет“ и аматеризам ќе го намалуваат нивото на квалитет и посетеноста на натпреварите во СЕХА лигата? Нели е тоа омаловажување? Господине Жика, еден навивач на Вардар годишно троши пари за влезници за натпревари колку вкупниот буџет на двата српски преставници во СЕХА.

Смачено ни е, господине Жика, од новинари како вас. Го црните перото на оние чесните, на оние кои се борат за објективноста. Со целата должна почит, но вака не оди. До вчера пишувавте едно пред балканската јавност, сега сосем друго. Знаете и сам каква е моќта на медиумите. Не ги користете да пробате да чепнете и вие дел од колачот во РК Вардар. Ние не делиме вино, бесплатни купончиња и пари на новинарите за тие да пишуваат за нас. Едноставно, мораат, зошто Вардар е хит на балканот и не можат да не заобиколат. Ни тие, ни вие. Е од тоа си патите!!!