Skopje za Vardar

Skopje za Vardar

Wednesday, 25 February 2015

По еден лајк за текстот за лајковите и Вардар !!!




 Сезоната полека влегува во финалето, расплетот се ближи и со нетрпение го очекуваме. Фудбалската сезона ни почнува веќе во недела во едно занимливо место за играње и гледање фудбал, додека ракометарите па и ракометарките ги очекуваат битки за влез меѓу најдобрите 8. Кратката воздишка пред новите возбудувања ќе ја искористиме да посочиме на еден сериозен проблем со кој се соочуваат клубовите кои го носат името Вардар. Проблемот генерално постои кај сите клубови, но тоа нас не не интересира бидејќи Вардар е она за што се грижиме. Проблемот можеби е дури и во животите на секој од нас, но овде пишуваме за Вардар. Деновиве и месециве постојано читаме за некаква масовна еуфорија која наводно се креира со играњето и резултатите на Вардар. Да бидеме искрени таква еуфорија не постои. Можеме ние најверните (околу 500 до 1000) со Војводина и со Тетекс да видиме многу добро и да препознаеме еуфорија. Еуфорија имаше кога ФК играше во СФРЈ, а во поново време можеби во летото кога бевме на прагот на влез во ЛШ, некој понизок степен постоеше кога Кометал освои ЛШ и кога кошаркарите ги играа натпреварите во Литванија.
   Денес живееме во време кога не знаеме што е реално, а што е виртуелно. Сведоци сме на комплетна замена на живеењето, дружењето, активностите, хобиата со нашите „мили“ кутии и апарати поради кои се одвикнавме да се гледаме во очи. Говориме за интернетот и социјалните мрежи. Денес се се случува таму. Најважно е тоа што се гледа и чита таму. И Вардар не е имун на ваквиот феномен. Младите генерации се денес опседнати со социјалните мрежи и она што е најболно и загрижува е тоа што се копмлетно исполнети со нив. Еуфоријата која предходно ја спомнавме, владее таму. Да ги анализираме бројките. На ФБ профилот на РК и ФК Вардар во моментов на пишување на текстов има околу 77 000 односно 76 000 лајкови т.е. луѓе кои се фанови и симпатизери на Вардар кои секојдневно одбрале да ги следат новините и да ги читаат сите работи поврзани со Вардар. Нема да бидеме ексклузивни или препаметни ако прашаме каде и пред се кои се тие луѓе. Меѓу нив има и луѓе кои не живеат во Македонија, но нивната бројка е реално премала за да направи некаква разлика. Една просечна објава на профилот достигнува и над 1000 лајка. Објавата за роденденот на Филип Петров на пример оди прелу 500 лајка. Половина од тие луѓе сигурно не ни знаат како изгледа Фичо и на која позиција игра. Објавите во кои се слави некоја победа, се истакнува резултат или постигнување на гол се најинтересни за анализа. Поточно лајковите и коментарите кои потоа следуваат. Браво момци! Ајде Вардар! Браво гордост македонска! Газиме! Најдобри сме! се едни од најчестите кои можеме да ги прочитаме. Се радуваме ли искрено на секој гол и победа или само стискаме лајк и куртоазно оставаме по некој коментар затоа што е модерно??? Понекогаш мислам дека доколку ФБ профилот на ФК Вардар објави дека сме ја победиле Борусија Дортмунд во групната фаза на ЛШ со 3:1 таа објава ќе оди и до преку 50 000 лајка, незнаејќи дека такво нешто воопшто не се случило. Па Вардар и не мора да ги игра натпреварите, доволно е да се објавуваат резултати на ФБ и да се слават. Клучното прашање е дали ни е потребен Вардар (или подобро да кажам дали им е потребен)? Дали го сакаме Вардар? Дали сакаме да го гледаме? Сме помислиле ли да отидеме на стадион и таму да викнеме барем еднаш напред Вардар или да опцуеме судија наместо тоа да го куцаме на нашите тастатури? Како стојат работите очиглено одговорот е НЕ. Доволни ни се социјаните мрежи, таму ќе пишуваме дека сме најдобри и дека сме најсилни навивачи додека 500 до 1000 момци константно ќе се борат и ќе страдаат за Вардар. Не можеме да наполниме сала од 5000 против Монпеље. За Градски и фудбал да не зборуваме. Кога последен пат можело да се прошета низ град и да се примети дека игра Вардар? На Вардар веќе не се псоветува ни час, а камоли ден или викенд. Се помалку распеани луѓе, помалку знамиња, помалку шалови. Имаме сега и мобилни со интернет па можеме и од кафичите да лајкаме и да се радуваме кога Вардар ќе даде гол. РК Вардар е сега шема, но знаеме многу добро пак ние истите дека тоа нема да биде вечно, пак ќе дојде ден кога ќе се тепаме со Пелистер за гол повеќе. И тогаш пак ќе бидеме таму ние малкумината да се бориме за Вардар. Без да навредиме некого, но страшна е сликата кога нема да препознаете ниту еден верен навивач на Вардар како седи доле на убавите фотељи близу паркетот во Јане Сандански, а не памтите кога сте пропуштиле натправар на Вардар во тек на повеќе декади. Гледаме костумосани госпоѓи и господа и деца кои возат скироли и си играат со балони додека ние горе скриени во некое ќоше каде што сме успеале да обезбедиме карти и се потиме затоа што на наш Вардар му исклучиле играч за 2 минути казна.
   По којзнае кој пат пуштаме абер и апелираме до пошироката јавност и особено оние кои се декларираат дека се Вардарци. Не му требаат на Вардар вашите лајкови!!! Дојдете на терен, дојдете на утакмица! Дојдете да се дружите, дојдете да се радувате и да тагувате заедно! Оставете ги лајковите за оние од Торонто и Мелбурн.
   Би биле среќни ние од блогот доколку место лајкови овој текст придобие барем еден плус човек што ќе стане вистински Вардарец, а таквите се секогаш таму каде што игра Вардар.
 
   Било кога, било каде!

   Се гледаме во Кратово! Повторно истите нели ???

Sunday, 22 February 2015

Рајн-Некар Левен и осминафиналето




Сите оние на кои во последниве десетина години и ракометот им стана важен дел од животот, верувам дека тешко ќе се присетат кога последен пат германска екипа изгубила на домашен терен вака убедливо. До вчера сите ние знаевме за тоа дека отсекогаш ни “лежеле” германски екипи, дека оваа генерација на РК Вардар беше создавана по тој терк од Вујо, но малкумина очекуваа дека ние ќе го добиеме натпреварот по само 35 минути. Не бевме свесни дека нашата одбрана ќе стане толку подвижна што играчите на Рајн-Некар нема да можат да постигнат гол од игра 7 минути на почетокот. Запирањето на германците и со 5 играчи во одбрана поради исклучувањата во првото полувреме и молњевитиот напад кој го игравме (а беше убиствен и со 6 и со 5 ракометари во поле) беа одразени и во резултатот: 13-20 на полувреме. Одамна не се случил ваков потоп на екипа од најсилното национално првенство во светот. Второто полувреме беше рутина, која нашиот тим многу пати до сега ја одработувал во СЕХА. Се зголеми и ротацијата, цел тим доби шанса. Арпад Штербик повторно беше брилијантен на голот. До сега не сме гледале ваква игра на некоја екипа од Балканот, па дури ни на Загреб кога беше на врвот на својата моќ, а за екипа од Македонија воопшто и да не зборуваме. Гледавме привлечен, течен и цврст ракомет со лесни и брзи голови, еден микс од модерен светски ракомет со руската 5-1 одбрана со која успешно се затворија Геншајмер и Петерсон. Сепак, вчера беше и ден во кој имавме многу среќа поради повредата на пикерот на РНЛ Гвардиола на самиот старт на натпреварот и примораноста на Јакобсен да игра со трет пикер 60 минути.
Низ целата сезона се забележува напредок, но вчера се покажа дека ова не е само еден натпревар на кој ни одеше, туку дека РК Вардар сериозно пристапил на проектот за влегување на ЛШ Фајнл 4 турнирот. Се надевам дека формата на тимот е толку добро темпирана, што само ќе се подобрува се до крајот на сезоната кога ќе ги играме најважните натпревари. Морам да го пофалам стручниот штаб за изборот на Шишкарев пред Брумен на крило, бидејќи човекот во втората полусезона е изгубен во напад и во одбрана. Но, тоа што се одлучи да игра Чипурин на пикер на средина на првиот дел ( продаде неколку топки) се покажа како голема грешка и треба да служи како лекција на Раул да има повеќе доверба во Стојанче Стоилов.

Следна наша станица е осминафиналето во ЛШ. Во него ќе се сретнеме со една од екипите на Загреб, Данкерк или Висла Плок.


Загреб, тимот на Вујо, оваа сезона покажа капацитет за добивање на посилни противници од наш Вардар. Ја започна сезоната молњевито против Кил, но и успеа да го совлада и ПСЖ. Загреб оваа сезона дефинитивно изненадува во ЛШ, но и ние доволно го познаваме. Сепак, ростерот на Загреб не е непознат за нас поради честите дуели во СЕХА и нашите играчи доволно ја познаваат таа екипа. Сепак, поради тоа што знаеме кој е Веселин Вујович и поради пречестите дуели со нив, овој противник и баш многу не ни одговара.

Висла Плок, екипа која во Полското првенство беше доста тројфена во предходната деценија, сега е втора екипа покрај големиот Киелце. Со колонија српски репрезентативци, неколку шпанци и романецот Гионеа тие би требало да претставуваат закана за Вардар, но во последниве две сезони највисок дострел им е осминафиналето. Висла Плок од играчки аспект може најмногу да ни се спротистави.

Данкерк е екипа која лани го освои францускиот шампионат и е составена претежно од француски играчи. Таа најчесто се натпреварувала во ЕХФ купот и нема големо искуство во ЛШ па би била најголемото изненадување, но и можниот најлесен противник на Вардар во осминафиналето. Оваа година е на 5тото место во француското првенство. Екипата има долга клупа и ја користи максимално во ротацијата, а сите играчи се прилично расположени на натпреварите и знаат да постигнат по некој гол.

Сите овие противници секако дека не се СЕХА лига екипи и ќе претставуваат предизвик за нас, но на крајот на краиштата меѓу нив не се кријат големи имиња од кои треба да се плашиме. Со пласманот на второто место избегнавме тешко осминафинале и си ја упростивме работата за повторување на минатогодишниот успех. Најважно е дека покажавме карактер и моќ со многу посилни противници во групната фаза, но ова се елиминации со два натпревари и овде секоја грешка чини многу. Сепак, возвратниот меч е кај нас, а онаа фаворитска улога која ја носиме може само да направи позитивен притисок меѓу играчите за подобра партија. Ждребката е во Вторник од 12 часот и 30 минути на следниот линк:
http://www.laola1.tv/de-int/live/velux-ehf-champions-league-draw-last-16/293046.html

ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ!

Monday, 16 February 2015

Нешто е труло во ЖРК Вардар



ЖРК Вардар е првиот клуб од вардаровото семејство во кој Сергеј Самсоненко влезе како спонзор. Овој клуб кој треба да се вивне во височините на европскиот ракомет, лани успеа да ни донесе голем успех и да ја заврши сезоната како третопласиран во ЛШ. ЖРК Вардар се виде дека нема капацитет веднаш да се бори за титулата во ЛШ. Како за отпрва делуваше дека се е супер и дека малку фали (две до три засилувања) да би се добила екипа што оваа година ќе стигне до првото место. Сепак оваа сезона покажа колку целиот тој колектив, од луѓето во екипата до играчите е далеку од сето она за што сонува секој навивач на Вардар.

ЖРК во последниве месеци е непрепознатлив. На почетокот на сезонава, клубот сам себе се закопа со одлуката да се откаже од женската регионална лига во ракомет. Оваа лига, колку и да е непрофесионална и претежно пријателска, очигледно се одрази на формата на девојките. Македонското првенство само придонесува тие уште повеќе да се дефокусираат од ракометот и да се опуштаат непотребно во екот на сезоната кога е потребно да бидат најпосветени.

Очигледно е погрешна одлуката да се прати Тата Хмирова на операција поради која ја пропушти цела сезона и сеуште не е опоравена. Девојата беше еден од најважните елементи во тимот кој ги спојува сите. Бркањето на Алисон Пино е уште една работа која на никој не му е јасна. Верувам дека имало добра причина за тоа, но дали во оваа сезона кога почна нешто да се уигрува и да се работи и конечно да се добие една компактност на екипата беше потребно да се остане без двете ракометарки од кои сите очекувавме многу и беа важен дел од екипата? И покрај ова, недостасуваше и среќа со повредите на пикерската позиција и немилите настани со Робе кои беа капак на се. Се чувствува недостатокот на Ана Џокич и на терен можеме да видиме колку значајна ракометарка беше таа како во одбраната, така и во нападот.
Индира нема многу што да направи со оглед на ваквите одлуки, иако општото мислење дека и таа мора да сноси одговорност за тоа што се случува е коректно. Инди сезонава требаше да се заложи за регионална лига и да ја знае вредноста на своите ракометарки кои се бркаат, носат и праќаат на операции. Поради големиот број повреди, се поставува прашањето со колкава концентрација играат девојките на натпреварите, но и колку се физички спремни за играње сезонава? Управата на ЖРК Вардар мора да се запраша веќе еднаш каков стил на ракомет ќе игра: балкански, скандинавски или руски? Не е возможно во една екипа да има тренери од секоја од овие земји кои спроведуваат различна работа и на тренинзите и различни размисли на натпреварите.
Зошто Расмусен си отиде така брзо од Скопје ќе биде тешко да дознаеме, но сигурно некој нема да "избега" за две недели ако се е во ред. Официјалното соопштение вели дека ставовите на другите членови на стручниот штаб и тој се разишле целосно во мислењата. Но, сега, најнова аквизиција во стручниот штаб е Питлик кој ќе работи со двата ракометни клубови. Да се надеваме дека тој, Инди и тројцата тренери кои работат во ЖРК можеби и ќе можат да ги усогласат идеите и ставовите и да ја поткренат формата на Вардарки, иако со оглед на тоа што веќе се петмина, ќе имаат вистински проблем.

За дисциплината на ракометарките воопшто и нема многу што ново да се открие. Секој што е активен на социјалните мрежи и ги следи знае се. Горд сум на тоа што тие си фатија момчиња од фудбалскиот клуб, но и повеќе од очигледно е дека на девојките тоа многу лошо им се одрази во формата. Се разбира дека тоа е далеку од пресудно, но дефинитивно игра улога во катастрофалната сезона на ЖРК кој стана клуб за женачка на ракометарки. Не дека Кометал не беше, ама тие барем играа како што треба. Овие денес целосно се посветија на градските шеми и заборавија зошто се наоѓаат таму каде што се наоѓаат.

Сума сумарум, управата на ЖРК Вардар е изгубена во просторот и времето. Ништо подобар не е ни стручниот штаб. Секоја одлука се покажува како полоша од предходната што се одразува кај ракометарките (на терен и во животот) кои го искористуваат овој хаос. Во клубот е потребна цврста рака која ќе може да ги среди работите, од најдолу па се до врвот, која ќе воведе голема дисциплина и ќе биде кадарна за носење сериозни одлуки. Потребно е да се размислува на долг рок за да би се почуствувале сериозни резултати во добра насока. Да не го изгубиме преку ноќ она што со месеци беше промовирано и градено!

Со срце за Вардар, секаде и секогаш!

Thursday, 5 February 2015

ТРАНСФЕРИ И ОФИЦИЈАЛНА ПРОПАСТ НА РИВАЛОТ





Ние луѓето од блогов во последниов период бевме без статии. Го чекавме официјалниот расплет на целата ситуација со договорите на играчите на Вардар, ситуацијата на СП во Катар и случувањата со распадот на Металург.

Во меѓувреме се појавија и некои други блогови, други идеи со што само се збогати интернет просторот за нашиот најпознат спортски колектив.

Најпрвин, договорите на РК Вардар. Лошо е тоа што се слуша во чаршијата во последните неколку дена. Немања Прибак, играч со големо срце, човек кој не спасуваше во многу наврати во последните секунди, играч кој е еден од главните креатори на тимската атмосфера најверојатно ќе го напушти нашиот машки ракометен клуб. Една од најтрагичните вести за секој Вардарец кој барем два пати го гледал него на теренот во светиот дрес. Ве повикувам сите да се спротивиме на ваквите одлуки пишувајќи на хаштагот #ПрибакДаОстане на социјалните мрежи и споделувајќи ги неговите мајстории од последните секунди на натпреварите. Немања, со тебе сме, и искрено сакаме ти да останеш кај нас!!! На страна емотивниот дел, кој се планира на неговата позиција? И сега гледаме дека со два средни бека имаме премногу проблеми како екипа, па се поочигледно е дека на екипата и требаат три стабилни средни бекови за подлабока ротација од следната сезона кога се надевам дека ќе се бориме подеднакво (како што тоа сега го прави Веспрем) на сите фронтови со 100%!
За другите отпуштања и немаме некоја замерка. Добривоје Маркович е еден добар и корисен играч кој очигледно не се пронајде во концепцијата на Раул, но сепак успеваше во целото ова време да ја задржи својата позиција на второ крило. Неговото отпуштање сепак, е природен процес, со оглед на неговата слаба форма во последните неколку месеци и се повеќето промашувани шанси. Сепак, нешто сеуште не можеме да си одгатнеме. Зошто го забораваме Владо Недановски, еден од играчите што одигра врвно на СП во Катар и што покажа високо ниво за едно крило кое добиваше помалку шанса отколку што објективно заслужуваше на натпреварите? Владо е добар егзекутор, знае да истрча контра, има брзина и техника и заслужува да биде замена за Дибиров. Уште повеќе боли тоа што Дејан Манасков, едно од крилата кое неколку години по ред го гледавме како со жар во очите ни дава голови, изгорен да не закопа, сега треба да застане рамо до рамо со нас и да се бори. Реално, Дејан освен ова СП предходно и немаше баш сјаен скор. Беше во очајна форма на почеток на сезонава, има катастрофална реализација особено од контри и е прочитана басна за повеќето европски голмани. Не ни се допаѓаат овие одлуки тој да стане резерва за Дибиров, а да се заборави Владо Недановски кој е во двојно подобра форма од него, а воедно и знаеме дека многу помогна во сезоната кога бевме аутсајдери а му ја земавме титулата на РК Металург. Чипурин има доста сомнителна сезона, и неговите нозе се се потешки, а тој делува како да е болен. Не сме запознаени точно со причините за неговото заминување, но му посакуваме се најубаво во неговата понатамошна ракометна кариера и животот. Истово ова важи и за Растворцев кој покажа дека годините го стигнале и дека веќе е време за повлекување од ракометот. Сепак, не можеме а да премолчиме околу ангажманот на Михајло Марсениќ. Па господа од управа, од сите пикери кои играат на планетава, вие баш овој играч го најдовте?! Кој ќе биде одговорен за промашувањата кои овој неискусен играч ќе ги прави тогаш кога се стремиме кон највисок пласман?

Воедно, ние блогерите од Скопје за Вардар сакаме да ги поздравиме сите оние кои во последните месеци не мотивираа да работиме и да продолжиме со пишување на вистината за случувањата во македонскиот машки клубски ракомет. Колку сме кредибилни и веродостојни, проценете сами според тоа што пишувавме пред година и пол, можеби и повеќе околу ситуацијата во РК Металург. Кога многумина не кудеа, а многумина не критикуваа, ние бевме на страна на вистината, и тоа денес се покажа на дело!

Неколку години водевме битка со еден старец кој го интересираше само неговото, хрватското. Тој безочно лажеше дека се бори за нешто  Македонско, со целата управа на Металург која се скри по глувчешки дупки по доаѓањето на стабилен спонзор во Вардар и тешките шанси тие да успеат да го уништат РК Вардар! Сега сите играчи на клубот го напуштаат. Време е Вардар да им покаже на истите оние чии татковци се јавуваа по контактни емисии како "Вардар е Русија", чии роднини тепаа Вардарци на натпревари, а неретко и тие самите удираа по оние кои спортски го бранеа светиот дрес. Време е да им објасни со бојкот и целосно оставање на цедило на таа банда која е далеку од ракометна, на тие глумци и тепачи кои не знаат ништо друго освен преку притисоци и закани да водат спортски војни. Време е да се потсетиме на Автокоманда, на односот кон Јан Собол, на односот кон Комити, на односот кон Страхиња Милич. Ајде да се вратиме назад и да не заборавиме никогаш како тие луѓе и нивните најблиски со жар во очи не газеа, божем освојуваат финале на ЛШ!!! Да издржиме во последната битка заедно и сплотено како досега и покрај сите закани и уцени кои ги добивавме од страна на криминалната тајфа!

Вардаре, имаш онакви кои те сакаат, задржи ги. Овој шлајм не го прибирај кај себе. Остави ги да си играат за РК Струга и Зомимак, бидејќи и онака голем дел од нив се неупотребливи и за Војводина!!!

До наредното читање, НАПРЕД ВАРДАР ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ!!!!!!!!!!!